Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски – Донфрид: Се интензивира поддршката за евроинтеграциите, Македонија е важен трансатлантски партнер на САД

0
By Соња Крамарска on April 28, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Димитар Ковачевски и неговиот заменик за европски прашања Бојан Маричиќ, се сретнаа со Карен Донфрид помошник државна секретарка на САД за европски и евроазиски прашања, како и со нејзиниот заменик Габриел Ескобар кој е специјален претставник за Западен Балкан и со американска делегација, придружувана од амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнз.

На состанокот е заеднички истакнато значењето на стратешкото партнерство на Северна Македонија со САД.

Помошник државната секретарка на САД Донфрид, пренесе порака дека Северна Македонија е важен трансатлантски партнер на САД. Изразена е силна поддршка од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден за развојот и европските интеграции на Северна Македонија и за итно и неодложно отпочнување на преговорите со ЕУ, како прашање од стратешка важност за стабилноста на целиот Западен Балкан.

Со ефективните политики за поддршка на народот во Украина и во согласност со надворешната политика на НАТО и на ЕУ, Северна Македонија како што е оценето, даде уште еден силен аргумент дека припаѓа во НАТО и во Европската Унија.

Заеднички е констатирано дека ова треба да биде препознаено и вреднувано од ЕУ, со отворање на преговорите за Северна Македонија и Албанија, бидејќи проширувањето на ЕУ со Западен Балкан е безбедносно прашање и е од суштинско значење за стабилноста и просперитетот на целиот регион и на Европската Унија.

Ковачевски се заблагодари за традиционалното, искрено и континуирано пријателство на САД од независноста на нашата држава до денес и го оцени како исклучително важно во сите процеси на развојот на нашата држава, вклучувајќи го и остварувањето на двете државни стратешки цели, НАТО и ЕУ.

На состанокот е разговарано за повеќе актуелни прашања, како што е значењето на иницијативата Отворен Балкан што ја унапредува регионалната соработка.

Димитар Ковачевски Карен Донфрид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.