Денеска со почеток во 12:00 часот, на покана на претседателот на Владата Димитар Ковачевски, ќе се одржи лидерска средба на претседателите на парламентарните партии.
На средбата, која ќе се одржи во Кристалната сала во Собранието, Ковачевски и претседателите на парламентарните политички партии ќе дискутираат за европската иднина на Македонија како и за одлуките кои во наредниот период треба да се донесат со широк политички и општествен консензус во Собранието, соопшти прес-канцеларијата на Владата.