Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Направивме многу, но нашата работа не застанува тука, мора да ги удвоиме напорите и да изградиме општество во кое насилството врз девојки и жени е минато

0
By Marta Pesevska on March 3, 2024 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 3, 2024 15:49

„СДСМ е предводник на концептот 50-50% на листите за пратеници во Собранието и советници во локалната самоуправа. Во партиските органи и тела на СДСМ жените и мажите подеднакво се застапени. Учеството на жените на извршни функции во моментот е 40%, и ќе стане 50%. Работиме на Стратегија за поголемо учество на жените на градоначалнички позиции и првата цел е 30%. Усвоен е Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Имаме Стратегија за родова еднаквост 2022-2027 која е основниот стратешки документ со кој се поставува основата за унапредување на родовата еднаквост и зајакнување на жените“, изјави Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во своето обраќање на традиционалниот Осмомартовски Марш по повод Интернационалниот ден на жената, во организација на Форумот на жени на СДСМ.


Тој даде ветување дека ќе го предложи Законот за родова еднаквост.

„Не може мажите да се кријат зад жените и да ги пуштаат жените да го предлагаат Законот за родова еднаквост. Мажите треба да застанат во прв ред и тие да го предложат Законот за родова еднаквост. Затоа, јас ви ветувам дека по 8 Мај, како претседател на Владата, првиот закон кој ќе го предложам ќе биде Закон за родова еднаквост, јас прв, мажите до мене и жените рамо до рамо со нас“, потенцираше Ковачевски.

Тој додаде дека во Буџетот во Законот за буџети, воведено е родово буџетирање, да можат жените да бидат застапени рамноправно како што не биле досега, како и дека е решено правото на користење надоместок за мајчинство, за жените земјоделки. Во 2022 година се донесе загарантиран износ на минимална плата, која сега ќе достигне 22.500 денари, што е најголема придобивка за економската независност во индустрии во кои доминантно работат жени.

„Направивме многу, но нашата работа не застанува тука. Нашата борба продолжува.Мора да ги удвоиме напорите и да изградиме општество во кое насилството врз девојки и жени е минато, а родовите стереотипи не постојат. Патот го трасиравме и од него враќање назад нема“, заклучи Ковачевски.

Ковачевски СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 13, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

ВЕСТИ June 13, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со…

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.