Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Обезбедена е стабилна испорака на струја за целата држава, како и парно греење за Скопје

0
By Соња Крамарска on September 28, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА
На вонредната прес-конференција присуствуваа и економско-финансиските министри во Владата Бесими, Битиќи и Бектеши, министерката за труд и социјална политика Тренчевска, како и директорот на ЕСМ Ковачевски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вечерва премиерот Димитар Ковачевски одржа вонредна прес-конференција на која информираше за одлуките на Економско- енергетскиот совет кој имаше седница. Тој ја отвори прес-конференцијата со оценка дека Владата обезбедила стабилно снабдување со енергенси за наредниот период. Ќе има и парно греење за граѓаните на Скопје.
„Донесена е одлука за почнување на постапката за издавање на лиценца за производство на топлинска енергија од регулиран пазар согласно член 6 од законот за енергетика на ЕСМ. Ги повикувам Град Скопје, Регулаторна комисија за енергетика и Комисијата за заштита на конкурентност во најбрзо време да дадат позитивно мислење, со што ќе се створат условите за целосно функционирање на ЕСМ со топланите“, рече Ковачевски и дополни дека се обезбедени финансиски средства за потребните енергенси за
топлинска енергија.
Во однос на електрична енергија премиерот информираше дека  домаќинствата и малите потрошувачи ќе добијат сигурна, стабилна и континуирана испорака на електрична енергија. „80 отсто ја субвенционираме сметката за електрична енергија за 650 илјади домаќинства, а над 70 илјади компании и други правни субјекти кои се со до 2 милиони евра годишен промет ќе добијат субвенционирана електрична енергија која е три пати пониска од берзанската“, посочи тој.
Шефот на Владата извести и дека донеле одлука на регулиран пазар да бидат и основните и средни училишта на територијата на цела држава, без разлика што обврската за обезбедување на образовниот процес е на самите општини.
Исто така донесовме одлука, рече Ковачевски, со која сите јавни здравствени установи ќе бидат обезбедени со електрична енергија преку ЕСМ продажба по поволна цена од берзанската. Затоа што грижата за граѓаните и обезбедување на здравствена заштита е императив на оваа влада, вели премиерот.
„Владата се грижи за сите подеднакво. Оваа криза рековме дека заеднички ќе ја пребродиме како што ја пребродивме и ковид кризата. Апелирам до сите граѓани да продолжиме со мерките за штедење. Секој заштеден киловат час значи заштеда на нашиот буџет и повеќе пари за инвестиција во нови енергетски и инфраструктурни проекти кои ќе го подобрат во иднина снабдувањето со електрична енергија и ќе го подобрат квалитетот на животот“, рече Ковачевски.
„Заврши времето на изобилие со електрична енергија во Европа. Сега е време на штедење и тоа штедиме за да имаме електрична енергија“, истакна тој.
Ковачевски, во пресрет на утрешната собраниска седница ги повика пратениците од сите политичките партии да ги изгласаат Законот со кој се обезбедуваат финансиски средства од ЕБРД за справување со енергетска криза по исклучителна каматна стапка, измените во Законот за енергетика и Законот за нафта и нафтени деривати и усвојување на кризна состојба.
„Ова не време за политички поени, туку е време за разум, солидарност и социјална грижа“, изјави тој.
Вечерашниве, како што посочи премиерот, се само прв сет на одлуки на Економско – енергетскиот совет и најави дополнителни мерки за ранливите граѓани, кои што наскоро ќе бидат објавени. (С.К.)

вонредна прес-конференција Димитар Ковачевски енергетска криза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.