Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски од Брисел: Да не се залажуваме со можни промени на Преговарачката рамка

0
By Ана Василевска on December 14, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Димитар Ковачевски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Да не се самозалажуваме и да ги залажуваме граѓаните за промени во однос на Преговарачката рамка или во процесот на проширување, затоа што на крајот од тоа нема да има корист за никого.

Ова го порача денеска во Брисел премиерот Димитар Ковачевски во одговор на прашањето на МИА за коментар на синоќешната изјава на претседателот на Европскиот совет дека иако проширувањето е процес базирана на заслуги, сепак во носењето одлуки за него мора да се води сметка за комплексноста на ситуацијата во Европа.

– Апсолутно тоа е изјава која што претседателот на Европскиот совет не ја кажува првпат, туку ја има кажано неколку пати. Комплексноста е од аспект на тоа што ЕУ започна процес на своја внатрешна подготовка за прием на нови членки и тие својата цел за тоа ја поставија до 2030 година. исто како што ние имаме цел до 2030 година во однос на реформите коишто треба да се донесат, изјави Ковачевски на прес-конференција на крајот на неговата дводневна работна посета на Брисел, каде вчера учествуваше на Самитот ЕУ-Западен Балкан.

Тој потенцира дека единствен отежнувачки фактор зошто не е одржана втората Меѓувладина конференција на земјава со ЕУ, која што е јасно наведена во заклучоците, е антиевропската, анти-ЕУ, анти-НАТО и проруска коалиција во Северна Македонија.

– Штом бидат спроведени амандманите на Уставот во Северна Македонија, што се од техничка природа, што сите вие тоа го знаете, бидејќи нема никаква забелешка во однос на амандманите, тогаш ќе биде одржана втората Меѓувладина конференција. Секако дека овој прозорец на можност којшто го имаме и којшто го имаме до изборите во Северна Македонија и во ЕУ не треба да се пропушти, изјави Ковачевски, додавајќи дека во 2008 година бевме сведоци на она што се случи во Букурешт на Самитот на НАТО, кога беше одложен нашиот прием во Алијансата, а денес сме сведоци на тоа што се случи во Брисел и заради кого тоа се случи.

Според премиерот, оваа негова работна посета на Брисел можеше да изгледа сосема поинаку и можевме да дојдеме и победнички, гласно и јасно да кажеме дека продолжуваме по европскиот пат, но се потврди дека единствен кочничар на државата е анти-ЕУ, анти-НАТО и про-руската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

– Нашите граѓани денес и конкретно можат да се уверат дека со овие политичари ќе бидат лишени од можноста забрзано да се приклучат на прогресивното европско семејство. Свежи ни се сеќавањата на 11-те години владеење со лажен патриотизам и популизам, што доведе до целосно заробена држава. Нека им служи на чест на овие партии, а на граѓаните да им служи на ум, додаде Ковачевски.

Сепак, според него, и покрај сето ова во Брисел за нашата држава имаше позитивни дискусии и натамошна поддршка од европските лидери на трасираниот пат на Северна Македонија кон Унијата затоа што нашата единствена алтернатива е ЕУ и ние од европскиот пат нема да отстапиме.

Премиерот Ковачевски додаде дека Самитот ЕУ-Западен Балкан беше одлична можност на највисоко ниво да се говори за заедничката европска иднина на земјите од Западен Балкан, односно нашата цврста решеност и визија дека ЕУ како и досега останува најголем и најсигурен партнер на Северна Македонија и на регионот.

– Како Влада работиме напорно со цел да ја оствариме нашата стратешката цел – членство во ЕУ до 2030 година. Да обезбедиме подобар, достоинствен живот дома, со повисоки плати и пензии, повеќе пари за граѓаните, подобар животен стандард, подобро образование, здравство… да обезбедиме европски стандарди и европски вредности, но дома, рече Ковачевски, додавајќи дека пред политичарите понекогаш стојат тешки задача, но граѓаните им ја даваат довербата за да ги донесат на вистинскиот пат на просперитетна иднина, квалитетен живот, безбедна земја и економски стабилна.

Според него, Самитот претставувал можност лидерите на ЕУ и на земјите од регионот отворено да разговараат и за соработката за надминување на заедничките предизвици, бидејќи, како што рече, само со цврсти врски помеѓу Западниот Балкан и Унија може да дејствуваме единствено, исклучиво во интерес на граѓаните и перспективите на државите.

– Вчера ги информирав колегите од земјите членки на ЕУ и лидерите на институциите за статусот на евроинтеграциите на Северна Македонија и за успешно завршениот процес на скрининг. Се заблагодарив за многуте конкретни примери на соработка и партнерство меѓу ЕУ и нашата земја во исклучително тешка година полна предизвици предизвикани од енергетската и економската криза, како последица на воената агресија на Русија врз Украина. Како никогаш досега, постои подготвеност проширувањето на ЕУ да се случи. Тоа отсекогаш имало геополитички апсект, но во овие моменти суштински ќе ја зајакне европската безбедност и стабилност. И тој процес на пристапување може да биде забрзан, но тоа ќе биде засновано на заслугите на секоја земја поединечно, додаде Ковачевски.

Тој нагласи и дека со својата стопроцентна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика со ЕУ, засилената заложба за спроведување на реформите, како и меѓународната поддршка која секојдневно ја добива, земјава не смее да се откаже од европската интеграција.

Инаку, како што јави дописникот на МИА од Брисел, за време на работната посета, премиерот имаше повеќе кратки средби, меѓу кои со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, како и со повеќе негови колеги од земјите од регионот и членки на Унијата со кои разговарал за европската иднина на државата и за заедничката подготвеност да се одговори на сите предизвици.

Димитар Ковачевски НАТО преговори со ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.