Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски – Петков: Имавме успешен работен ден, очекуваме реални резултати за многу кратко време

0
By Biljana on January 25, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За НоваТВ од Софија, Биљана Божиновска

„Критериум за успешност во инфраструктурата, на пример, е ако во 2023 година, биде завршен патот долг 13 километри до граничниот премин ‘Клепало’ со што ќе може да го пуштиме во употреба и овој граничен премин“, рече на денешната прес конференција претседателот на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковечевски зборувајќи за договорените реални проекти помеѓу работните групи.

Во однос на политичките прашања, според Ковачевски, критериум за успешност ќе биде доколку низ разговор на комисиите и низ еден политички дијалог помеѓу Владите, се постигне договор и во догледен период се одржи долгоочекуваната прва меѓувладина конференција за Република Северна Македонија со ЕУ.

„На денешните средби доминантно се разговараше на овие теми кои ги опфаќаат работните групи, кои денес ги покажавме низ практична работа и кои што ќе треба да ги дадат резултатите. Еден критериум на пример, ако сме кажале дека ќе има авионска линија помеѓу Скопје и Софија, критериум за успешност е веќе следната недела ако следната недела туристички оператори од Софија да дојдат во Скопје или обратно, каде ќе разговараат за најекономски одржливата авионска линија која што би се воспоставила и која што би почнала со комерцијални летови од 1 март. Тоа е критериум за успешност“, рече Ковачевски и посочи оти продолжува процесите да течат и да се врати довербата помеѓу двете страни.

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков пак истакна дека веќе на првата средба меѓу двете Влади потпишани се три реални меморандуми во областа на земјоделството, мали и средни претпријатија и прашањето на железничко поврзување на Скопје и Софија.

„Уште повпечатвлив е извештајот на останатите министри кои, секој од нив, презентира барем десет реални задачи, со заеднички секретаријат помеѓу различните групи, и со многу кратки рокови за реализација“, рече Петков и најави дека следната средба ќе биде после една седмица.

Во однос на работата на историската Комисија, Петков вели дека тие договориле три средби во следните четири месеци, со голема динамика на работа и помеѓу средбите. Најави дека составот на историската Комисија нема да се менува.

„Тие имаат многу оптимистички поглед кон заедничките задачи и според она што го видовме денеска се гледа огромната синергија и предности за едно добрососедство. Реално овие меморандуми имаат еден краен резултат, а тоа е економски развој на целиот регион. Економски развој, со кој граѓаните во двете земји ќе го почувствуваат подобрувањето во животниот стандард“, рече Петков.

На новинарско прашање, околу тоа дали барањата на Бугарија, бугарското малцинство во земјата да биде вметнато во Уставот, Ковачевски вели дека Уставот на Република Северна Македонија предвидува индивидуалните права да се остваруваат колективно.

„Нормално и други граѓани во државата кои што се самоопределуваат на друг начин, можат да побараат да бидат дел од Уставот. Тоа е процес, кој минува низ повеќе чекори и се вклучени повеќе институции и доколку тоа се случи, а нормално е дека такво нешто се случува на патот на една држава кон ЕУ, бидејќи тогаш се отвора Уставот со цел и други адаптирања да се направат, тогаш низ тој процес секако дека ќе бидат опфатени и тие прашања врз основа на барањата на граѓаните“, рече Ковачевски посочувајќи дека сите други отворени прашања се разговараат на ниво на МНР на двете земји.

Министрите потпишаа повеќе меморандуми за соработка

Пред прес-конференцијата, меморандуми за соработка потпишаа министрите за земјоделство, министрите за транспорт и врски, како и министерот за економија Крешник Бектеши со неговиот колега бугарскиот министер за иновации и раст.

Меморандум за разбирање за соработка во областа на земјоделството, аграрните науки, руралните региони и шумското стопанство помеѓу Министерството за земјоделство на Република Бугарија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија потпишаа министрите Иван Иванов и Љупчо Николовски.

Министерот за економија во Владата на Северна Македонија Крешник Бектеши и министерот за иновации и развој на Бугарија Даниел Лорер, потпишаа Меморандум за разбирање меѓу Агенцијата за поттикнување на претприемништвото на Република Северна Македонија и Извршната агенцијата за промоција на малите и средни претпријатија од Бугарија.

Министрите за транспорт и врски на Република Бугарија Николај С‘бев и на Република Северна Македонија Благој Бочварски потпишаа Меморандум за либерализација на превозот на стоки за и од трети земји, како и декларација за намалување на цените на роамингот меѓу двете земји. Дополнително, потпишан беше и Меморандум за развој на железничкото поврзување Скопје–Софија преку формирање на заедничка работна група, со цел забрзување на изградбата на железничкиот Коридор 8 и Иницијатива за воспоставување на авиолинија Софија-Скопје.

Инаку, работните групи кои денеска заседаваа во резиденцијата „Бојана“ во Софија се предводени од министри од двете земји, но во нивната работа ќе бидат вклучени и претставници на реалниот сектор, Стопанските комори и образовните институции.

Попладнево, премиерот Димитар Ковачевски ќе оствари работна редба со бугарскиот претседател Румен Радев.

Димитар Ковачевски Кирил Петков македонско-бугарски односи Официјална посета на Софија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.