Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Планирана е реконструкција на 118 училишни објекти и на деветте студентски домови

0
By Соња Крамарска on January 16, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата посветено работи на унапредување и обезбедување на квалитетни услови за образование на секое дете, вели Ковачевски. Тој истакна дека
Министерството за образование и наука ги реализирало сите капитални инвестиции, кои, согласно инвестицискиот план, требало да завршат во 2022 година.
„За реализација на капитални инвестиции со кои ќе се унапреди квалитетот на условите за следење на настава од страна на учениците, но и за работа на наставниците, во 2022 година беа обезбедени средства во износ од над 16,3 милиони евра. Во 2022 година имаме реализација на буџетот за капитални инвестиции од речиси 94 отсто. Завршена е испораката на мебел за опремување
на кабинети по природни науки за 264 основни училишта, a завршена е и испораката на опрема и нагледни средства за кабинетите по природни науки за 358 училишта“, кажа Ковачевски.
Тој додаде дека подобрени услови за настава добиле голем број ученици од државата.
„Нови училишта добија учениците од Долна Лешница во општина Желино, како и од Долно Блаце во општина Чучер Сандево. Овде решивме повеќедецениски проблем. До неодамна, учениците од ова населено место, каде воопшто не постоеше училишен објект, посетуваа настава во најблиското училиште, преминувајќи ја границата со Косово. Инвестициите во образовната
инфраструктура ќе продолжат со зголемен интензитет и оваа година. Предвидени се 18,3 милиони евра или тоа е 8,9 отсто повеќе од 2022 година“, изјави Ковачевски.

Премиерот посочи дека ќе почне изградба на објект за потребите на универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, а ќе продолжи и изградбата на објектите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура во Скопје. Ќе се гради нов објект за кумановската гимназија „Сами Фрашери“. Ќе започнат активностите за
целосна реконструкција на сите 9 државни студентски домови, кои во рок од 30тина месеци треба да станат современи и енергетски ефикасни, кажа Ковачевски.
Во меѓувреме, ќе продолжи и изградбата и реконструкцијата на училишта, вели шефот на Владата.
„Веќе најавивме дека ќе започне реконструкцијата на 118 училишни објекти, каде фокус е ставен на изградба на нови тоалети за ученици, оспособување на тоалетите за ученици со посебни потреби и поставување на пристапни рампи. Продолжува и реализацијата на проектот за изградба на 145 училишни спортски сали, преку кој во 2023 ќе започне изградбата на 10 нови спортски објекти, кажа премиерот.

Димитар Ковачевски образование реконструкција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.