Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Повлекувањето на ВМРО-ДПМНЕ од договореното ќе ги разочара граѓаните и меѓународната заедница

0
By Соња Крамарска on June 12, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Од денешната изјава на Ковачевски во Богданци
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 12, 2023 14:03

Сега треба да се оди кон примена на договореното и јавно кажаното на прес-конференцијата по лидерската средба за уставните измени, а не кон толкување, што некој сакал да каже бидејќи тоа што беше разговарано беше и кажано, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Богданци, Ковачевски повтори дека „ВМРО-ДПМНЕ прифатиле уставни измени“ и оцени дека „демантирањето или излегувањето од она што било договорено и кажано на прес-конференцијата по лидерската средба би било големо разочарување за граѓаните и за меѓународната заедница“.

„Како државотворна партија која секогаш ги носела најтешките и најголемите одлуки за државата му даваме шанса на ВМРО-ДПМНЕ првпат да учествува во носење одлука од којашто зависи остварување на стратешка цел за државата. Сега останува на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи кон процесот, односно да остане во процесот, бидејќи демантирањето или излегувањето од она што беше договорено и искажано на прес-конференцијата сметам дека би било големо разочарување како за граѓаните, така и за меѓународната заедница која навистина овој пат сака да ја види Северна Македонија да го продолжи својот пат кон ЕУ и до 2030 година да биде членка“, изјави Ковачевски, на прашање кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив.

Тоа што беше кажано на прес-конференцијата, дополни премиерот, за нас е прифатливо, а прифатливо е и за ДУИ и за другите партии во нашата коалиција, ЛДП, НСДП и ДОМ. Сметам дека сега треба да се оди кон имплементација на она што беше договорено и јавно кажано, а не кон толкување што некој сакал да каже бидејќи тоа што беше кажано всушност и беше разговарано.

Ковачевски рече дека ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата по лидерската средба потврдиле дека немаат ништо против уставните измени.

„Во текот на целиот изминат период тие обвинуваа дека со уставните измени и вклучувањето на други делови од народи во нашата Преамбула државата ќе била  бугаризирана, асимилирана, ќе сме го изгубеле јазикот, идентитетот. Ние кажувавме и кажуваме дека тоа не точно, меѓутоа сега и ВМРО-ДПМНЕ, потврди на таа прес-конференција дека нема ништо против уставните измени“, рече Ковачевски.

На средбата, како што дополни тој, се разговарало и дека ВМРО-ДПМНЕ сака да влезе и да биде дел од Владата. „Ние прифативме и рековме дека СДСМ е подготвено да отстапи 50 проценти од  министерските места“, повтори и денес Ковачевски.

„ВМРО-ДПМНЕ имаше уште еден услов, Демократската унија за интеграција да не учествува во таа Влада, што јас го оценив како барање кое може да предизвика одредена политичка динамика, но ДУИ тоа го прифати експересно. За тоа дека може да предизвика политичка динаимика потврдата дојде подоцна кога и Алијанса за Албанците и БЕСА кажаа дека тие нема да учествуваат во таква влада, како што беше побарано за ДУИ, но, тоа беше желба на ВМРО-ДПМНЕ, изразена преку нивниот претседател на партијата“, рече Ковачевски.

С.К.

Богданци Димитар Ковачевски уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 5, 2026Updated:June 5, 2026

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

ВЕСТИ June 5, 2026

Во изјава за „Дојче Веле“ од самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, бугарскиот премиер Румен Радев…

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

June 4, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.