Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Предлогот за заедница на албански општини е несериозен и неприфатлив

0
By Ана Василевска on February 27, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 27, 2023 12:16

Неприфатлив, несериозен, нееверопски и неамерикански е предлогот за заедница на албански општини во Северна Македонија – одговори премиерот Димитар Ковачевски прашан за коментар за оваа идеја на партијата Алтернатива.   

 „Вчера имавме и реакција како политичка партија, се работи за несериозна идеја. Односите во нашата држава се решени со Охридски рамковен договор кој го потпишаа претставници на сите политички партии – и на Македонците, и на Албанците, за кој гаранција се САД и Европската Унија. Врз основа на тој Охридски рамковен договор, Северна Македонија денес претставува пример за соживот и остварување на правата на сите етнички заедници во државата и врз негова основа во нашата држава се изградени институции за заштита и унапредување на правата на помалите заедници на највисоко ниво споредено со сите други држави во Европа“, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по доделувањето социјални станови во Гостивар.  

Од друга страна, како што рече, во Косово постои друг договор кој исто така е потпишан помеѓу две страни и кој ги решава проблемите што постоеле во  минатото во Косово.

 „Ние овде заедно сме си ги уредиле правата како ќе живееме и како ќе напредуваме и врз основа на тоа сме станале земја членка на НАТО, земја која преговара со ЕУ и безбедноста и стабилноста на нашата држава е на толку високо ниво изградена по 2001 година што земја депонент на договорите од Берлинскиот процес, кој ги потпишаа сите земји од Западен Балкан се депонирани во нашето Министерство за надворешни работи. Оттука сметам дека таквиот предлог е неприфатлив, несериозен, нееверопски и неамерикански“, рече премиерот.

 За оние кои го заговараат тој предлог смета дека се или неинформирани или, како што рече, „недобро ги разгледале договорите што ги решаваат идентитетските прашања на Балканот“.

 „Ќе треба малку повеќе да се задлабочат во тоа на кој начин се решени проблемите во Северна Македонија, а на кој начин ќе бидат решени проблемите во Косово, нормално преку заемен договор помеѓу Косово и Србија со посредништво на САД и Европската Унија“, додаде Ковачевски. 

Алтернатива Димитар Ковачевски Заедница на албански општини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 29, 2026

Платформата за борба против корупција со апел до Претседателкарта на Република Северна Македонија  

ВЕСТИ January 29, 2026

Платформата за ГО за БПК поднесе допис до Претседателката на Република Северна Македонија проф. д-р…

Работниците до владата на Мицкоски: Нашата борба продолжува!

January 28, 2026

ССМ протест – Пешевски: Генерален штрајк во приватен сектор за првпат во историја на Македонија! Не сме роботи, храниме фамилии!

January 28, 2026

Скопје: СДСМ и Левица го поддржуваат протестот и барањата на работниците

January 28, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.