Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Седницата за реконструкција на Владата можеше да трае и покусо ако не беа бесмислените говори од опозицијата

0
By Соња Крамарска on February 28, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Реконструкцијата на Владата ќе придонесе за поефикасна работа на Собранието, а седницата можеше да трае покусо ако не беа говорите од опозицијата во кои се говореше за се освен за самата реконструкција, изјави премиерот Ковачевски.

„Реконструкцијата е на располагање на секој премиер и на секоја Влада и јас го направив тоа согласно закон и согласно Устав. Тоа што опозицијата преку бесмислени говори пријавени во реконструкцијата го прават, иако имаат право демократско да го прават, меѓутоа таму за се се зборува, освен за реконструкција. Сметам дека дискусиите можеа да бидат и пократки и поконзистентни и реконструкцијата да заврши побрзо“, рече денес Ковачевски на новинарско прашање дали вредеше реконструкцијата на Владата со 11-дневната дебата во Собранието која чини 605 000 евра пари на граѓаните, а со која парламентарното мнозинство се зголеми за само еден пратеник.

Тој додаде дека она што се потврдило, а го кажал и во експозето и при изборот на министрите и на замениците министри, е дека реконструкцијата не е водена од лични, персонални или теснопартиски интереси, туку е продолжение на она што веќе го кажал во септември и во декември, а тоа е дека оваа Влада е отворена за сите политички партии, поединци и институции и организации кои сакаат да придонесат Македонија побрзо да чекори кон членство во ЕУ.

„Сметам дека Алијанса за Албанците направи добар и позитивен чекор со тоа што се придружи кон Владата. Мнозинството е 65 пратеници, тоа е поголемо од тоа што беше претходно и ќе овозможи побрзо и поефикасно работење на Собранието како на носење законски решенија кои што се значајни за продолжување на европскиот пат, а и на носење законски решенија кои што значат реформи во економијата, енергетиката, во европските интеграции како и во другите области“, порача Ковачевски на денешната прес-конференција. 

Димитар Ковачевски мнозинство реконструкција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.