Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Северна Македонија ја поставивме како светилник на напредок и рамноправен партнер на глобалната сцена

0
By Marta Pesevska on June 25, 2023 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Државните успеси и позиционирањето на држава на меѓународен план се одличен пример, најсилен доказ и јас би рекол најголем показател за резултатот на државничките политики на СДСМ. Без разлика дали преку дипломатија, политика, економија, култура Северна Македонија ја поставивме како светилник на напредок и рамноправен партнер на глобалната сцена“ рече премиерот Димитар Ковачевски на трибината „МК во ЕУ до 2030“ во Куманово.

Тој додаде дека од земја во изолација во времето на ВМРО-ДПМНЕ, со СДСМ станавме членка на НАТО и почнавме преговори со ЕУ.

„Од заробена држава со ВМРО-ДПМНЕ, станавме земја – рамноправен партнер на САД и ЕУ со СДСМ. Од земја корисник на мировни мисии, со СДСМ станавме земја домаќин на регионални договори. Од земја извор на кризи со СДСМ станавме пример за мирно решавање на конфликти и дома и со соседите и тоа по пат на дијалог. Со СДСМ станавме фактор на регионална стабилност и пример во регионот, земја во која се депонирани потписите од договорите меѓу земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема учествувано во ниту една стратешка одлука и во ниту еден процес кој е значаен за иднината на земјата.

„Од независноста до денеска СДСМ е носителот на државничките процеси, на напредокот, на демократските промени и на остварувањето на стратешки цели, членство во НАТО и членство во ЕУ. Ние како земја сме имале среќа низ поновата историјата да имаме лидери како Глигоров кој инсистрирал мирно да ги решаваме предизвиците пред нас.  И тогаш слични проблеми имале како ние денес. И тогаш опозицијата била против чекорите кои ги преземала тогашната Влада“ рече Ковачевски.

Тој додаде дека да не биле тие луѓе кои биле на власт во даденото време, ќе сме имале иста судбина со сите останати држави од бивша Југославија.

ЕУ Ковачевски НАТО трибина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.