Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски со порака до Мицкоски: Имате обврска да ги поддржите стратешките одлуки на државата

0
By Соња Крамарска on April 5, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Од денешната прес-конференција Ковачевски-Пленковиќ на која македонскиот премиер одговараше на прашања и за уставните измени
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 5, 2023 14:26
„Согласно со нашиот закон и Устав, уставните измени се структуриран процес во којшто работата започнува преку работа на работна група на експертско ниво, во која работна група ќе бидат вклучени и претставници на политичките партии“, рече денес шефот на Владата во врска со претстојните уставни измени.
Тој потсети дека Министерството за правда веќе упатило покана до политичките партии да дадат свои претставници во работната група во која се поканети и врвните експерти по уставно право и каде што ќе бидат изработени уставните амандмани.

Потоа, дискусијата ќе биде ставена, односно материјалот којшто тие ќе го изработат ќе бидe ставен на расправа во општеството со оглед на тоа дека треба да се запознае академската заедница, деловната заедница, невладините организации, граѓаните преку медиумите и нормално низ собраниска процедура за која е потребно двотретинско мнозинство, најави Ковачевски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање дали за Владата е прифатлив предлогот на опозицијата, уставните измени да се направат по хрватски терк.

Премиерот Ковачевски нагласи дека различни партии предлагаат различни модели, поради што е потребно за ова прашање да се дискутира на експертско ниво за да се изработи предлог кој што одговара на македонското општество и кој што одговара на нашите закони и на она што ние го очекуваме од нашата иднина како идна земја членка на ЕУ.

„Јас не кажав ниту дали сум за нешто ‘за’, ниту дали сум за нешто ‘против’. Јас сум за тоа да донесеме уставни измени со кои што ќе ги отвориме кластерите после ноември и до 2030 година ќе станеме земја членка на ЕУ, со заштитен македонски јазик, со македонски идентитет и со македонска култура која што ќе ја збогати културата на ЕУ и на сите европски народи“, рече тој.

Тој потенцираше дека обврска на сите политички партии е исто како што било обврска на сите политички партии во Хрватска, кога пристапувала во ЕУ, е да ги поддржат стратешките одлуки на држава и тие да не станат предмет на дневно политичка борба.

„За дневно политичка борба постојат други прашања на кои што може да се разговара со политичарите, со опозицијата, меѓу опозиционите партнери. Македонските граѓани сакаат да живеат во ЕУ, ама сакаат да живеат во ЕУ дома, а не да живеат во ЕУ во туѓина, во држави кои се членки на ЕУ“, порача Ковачевски.
Во однос на новинарското прашање за евентуална средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски околу уставните измени, Ковачевски појасни дека веќе се одржала лидерска средба во декември, на негова иницијатива, на која биле повикани сите претседатели на парламентарните политички партии, а на која средба, меѓу другото, се разговарало за усогласувањето во однос на потребата за уставни измени со цел продолжување на европските интеграции на државата.
„На таа лидерска средба, сите лидери на политички партии се сложија за потребата од носење на уставни измени, освен еден кој молчеше и двајца кои не дојдоа.  Затоа сметам дека нема потреба од лидерска средба со оглед на тоа дека ставовите се познати“, одговори тој порачувајќи дека дебатата за уставни измени „не се води на телевизија, ниту кога се пуштаат градежни работи на канализациски цевки во општини“.
С.К.
Димитар Ковачевски уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.