Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Судовите се независна власт, ако некој им се мешал во работата ќе треба да пријават низ соодветна процедура

0
By Ана Василевска on April 28, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Ниту јас како претседател на Влада, ниту кој било министер, не се меша во работата на Судскиот совет или на Советот на обвинители. Правосудните органи треба да бидат на ниво на кое ќе си ја извршуваат својата работа и нема да имаат никакво политичко влијание. Ако некој им се мешал во работата, тоа ќе треба самите да го пријават низ соодветна процедура“, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски прашан за разрешувањето на претседателката на Судскиот совет Весна Дамева, по увидот на градежните активности на патот Ранковце- Крива Паланка.

Ковачевски потсети на соопштението на министерот за правда во врска со овој случај и напомена оти го дели истиот став. Министерот во рамките на своите надлежности во Министерството за правда побара да се види записникот од самата седница.

„Јас од првиот ден кога станав претседател на Владата кажав дека ниту јас како претседател, ниту кој било министер, не се меша во работата на Судскиот Совет или на Советот на обвинители и тоа можеше да се потврди низ директен пренос, каде сите граѓани можеа да видат што се случуваше на Судскиот Совет. Она што останува е правосудните органи на ниво кое што е потребно да ја извршуваат својата работа и да немаат никакво политичко влијание“, рече Ковачевски.

Тој напомена дека лично немал ниту еден состанок со претседател на суд, а како што рече, ако некој им се мешал во работата, тоа ќе треба самите да го пријават низ соодветна процедура.

„Јас лично не сум имал ниту еден состанок со ниту еден претседател на суд, ниту сум претседател на Судски совет, бидејќи судовите се независна власт, судската власт е независна власт, извршната и законодавната власт се исто така независни и секој мора да си ги извршува своите работи во рамките на своите надлежности“, додаде премиерот.

Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева беше разрешена во средата на предлог на заменикот Селим Адеми. За нејзиното разрешување гласаа седум члена на Советот. Според невладините организации и експертите, разрешувањето на Дамева е незаконско и спрот6ивно на процедурите и Деловникот.  Вчера беше закажана седница на која требаше да се избере нов претседател на Советот, но заменик претседателот Адеми ја одложи седеницата за 2 мај поради присуство на сите 13 члена.

Димитар Ковачевски СОвет на обвинители Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.