Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски за МИА: Навремените антикризни мерки ги ублажија ценовните шокови, имаме најниска цена на нафта во регионот

0
By НОВА ТВ Balaban on April 10, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 10, 2022 10:21

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, во интервју за Медиумската информативна агенција за време на неговото учество на Економскиот форум Делфи истакнува дека воената агресија на Русија врз Украина докажа дека мора да постои блиска соработка помеѓу земјите, особено помеѓу соседните земји.

Акцентирајќи ги економските последици од оваа војната Ковачевски ги оцени како катастрофални за Европа, пред сé заради недостигот од енергенси, особено од гас и дека тоа се последици коишто ќе се чувствуваат и во иднината пред нас.

„Гледаме дека цените на енергенсите имаат историски најголемо покачување. Цените на храната имаат историски најголемо покачување. Дури веќе се појавуваат и недостатоци на храна на европскиот континент, за што сведочат сите економски извештаи од сите држави. Недостатоци од енергенси, особено од гас, резервите во Европа се на најниско можно ниво и тоа се последици коишто ќе се чувствуваат и во иднината пред нас.“

Ковачевски во интервјуто посочува дека колку повеќе трае војната во Украина тие последици се повеќе ќе се продлабочуваат.

„Вие гледате дека инфлацијата е искачена на највисоко историско ниво во Европа, тоа нормално е и кај нас пренесено, бидејќи нашата економија е мала и отворена и е доминантно поврзана со германската економија. Така, ако ги видиме стапките на инфлација во Германија, тие се идентични со она што го има во Република Северна Македонија.“

Во интервјуто, премиерот посочи дека државата презеде навремени мерки кои помогнаа да се спречат големи ценовни шокови кои ги почувствуваа многу земји.

„Беа донесени низа на мерки уште пред на почетокот на оваа година со намалувањето на ДДВ на електричната енергија, бидејќи енергетската криза веќе беше започната пред воените дејствија. Донесовме и пакет на антикризни 26 мерки коишто се во насока на намалување на акцизата и ДДВ на нафтата и нафтени деривати. Благодарение на овие мерки имаме најниска цена на нафта и нафтени деривати во регионот. Исто така беа ограничени, прво беа замрзнати цените на прехранбените производи, а потоа беа и намалени и данокот на додадена вредност од пет проценти на нула проценти на основните прехранбени производи и ограничени малопродажните и големопродажните маржи со цел да не се дозволи и да се спречи ценовен шок за граѓаните, во што и успеавме“, потенцираше Ковачевски.

Во интервјуто тој дополнува дека за најранливите категории на граѓани беа определени финансиски средства по 1.000 денари месечно за да можат да ги покријат своите сметки и ја покачивме минималната плата на 18.000 денари.

„Пред доаѓањето на Владата на СДСМ и коалиционите партнери минималната плата беше дупло помала, односно 9.000 денари. Порасна и просечната плата, а во најголемиот дел од секторите во државата во изминатите години платите беа покачени и за над 20 проценти низ изминатите три години. Сето тоа е забележано и од меѓународните финансиски институции, меѓутоа исто така и од регионалните медиуми и граѓани, практично давајќи ја Северна Македонија како позитивен пример на добро справување со оваа криза“, вели премиерот Ковачевски за МИА.

Се работи за исклучително голема криза, истакнува Ковачевски во интервјуто, и додава дека токму затоа одговорноста е уште поголема и Владата е на ниво на задачата за да обезбеди за граѓаните сé што е потребно во овие тешки времиња.

„Како премиер сум во секојдневна комуникација со премиерите од регионот. Во текот на неделата која што изминува имав и телефонски разговор со претседателот на Србија, господинот Вучиќ на којшто телефонски разговор за многу кратко време, се договоривме за исполнување на договорите коишто нашите компании од приватната мелничарска индустрија ги има со компании од Србија и беше дозволен извоз во целосната квота од 100.000 тони за државата. Истото се однесува и на други прехранбени производи. Ги помагаме и компаниите за да можат да обезбедат суровини за непречено производство и снабдување на населението“, вели премиерот Ковачевски во интервјуто за МИА.

во интервју Димитар Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.