Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Законот за минимална плата важи и за јавниот и за приватниот сектор

0
By НОВА ТВ Balaban on February 11, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 11, 2022 12:08

Минималната плата, според него, е историски исчекор направен со ССМ, бидејќи, како што рече, покрај тоа што платата е зголемена на 18 илјади денари, воведена е и нова методологија која што гарантира одржливост и континуиран расат на минималната плата сразмерно со покачувањето на продуктивноста на трудот.

Сите работодавачи, без разлика дали се од приватниот или јавниот сектор, се должни да го почитуваат спроведувањето на Законот за минимална плата, а секое непочитување треба да се пријави во надлежните институции, вели премиерот Димитар Ковачевски.

Според него, овој закон важи за сите работници во државата и во однос на неговото спроведување нема разлика дали станува збор за државна институција или приватен сектор.

– Ова прашање беше поставено, исто така, и кога го имавме економско социјалниот дијалог. Таму беше присутна министерката за труд и социјална политика која нагласи дека треба да се пријавуваат непочитувања согласно со законските одредби и согласно со колективните договори, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање зошто државата не го почитува законот во однос на скалестото зголемување на платите во однос порастот на минималната.  

Минималната плата, според него, е историски исчекор направен со ССМ, бидејќи, како што рече, покрај тоа што платата е зголемена на 18 илјади денари, воведена е и нова методологија која што гарантира одржливост и континуиран расат на минималната плата сразмерно со покачувањето на продуктивноста на трудот.

-Со оглед на тоа дека методологијата е променета и сега учество во зголемувањето на минималната плата  50 проценти има порастот на цените, а 50 проценти порастот на просечната плата што имплицира на зголемување на продуктивноста на трудот, а во однос на сите други плати тие се предмет на колективно договарање. Колективното договарање се прави помеѓу социјалните партнери, во случајот гранкови синдикати, репрезентативни синдикат и соодветните институции без разлика дали се тоа државни институции и приватни институции. Ставот е дека и како што и зборувавме при зголемувањето на минималната плата тоа треба да биде пропратено со зголемување на продуктивноста на трудот, а тоа го прифатија и синдикатите, изјави Ковачевски.

Тој додаде дека имал разговори со претставници на голем број компании и оти тие сите се согласни дека платите секогаш треба да бидат пратени со зголемување на продуктивноста на трудот.

– Кога зборуваме за приватниот сектор тоа важи, меѓутоа тоа е мое лично мислење дека треба да важи и за јавниот сектор, што значи дека кога зборуваме за зголемување на платите, зборуваме за социјален дијалог во кој зборуваме за зголемување на платите, но, исто така и за зголемување на продуктивноста на трудот бидејќи јавниот сектор е платен од даночните обврзници, од сите граѓани и тоа особено од оние коишто работат во приватниот сектор и треба и услугите коишто ги добиваат граѓаните да бидат секогаш од ден во ден, од месец во месец, на повисоко ниво, нагласи Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања на настанот по повод официјалното пуштање во употреба бројот за итни случаи 112.

важи Законот за минимална плата јавниот Ковачевски приватниот сектор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.