Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковеши: Корупцијата може да биде поразена, не се откажувајте Романци

0
By Светлана Јовановска on July 9, 2018 ВЕСТИ
Лаура Ковеши беше гордоста на Романија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лаура Ковеши повеќе не е на чело на Специјалното јавно обвинителство (ДНА), тело кое успешно се бореше против распространетата корупција во Романија. Министерот за правда Тудорел Тоадер упорно сакаше да ја тргне Ковеши д оваа функција и по повеќе месеци, овој потфат му успеа.

Денес, по барање на Владата на Романија и по одлуката на Уставниот суд, претседателот Клаус Иоханис мораше, против својата лична волја, да го потпише указот за разрешување на Ковеши.

– Борбата против корупцијата не смее, во ниту еден случај, да биде напуштена или да сопре, изјави портпаролката на Јоханис.

Ковеши ја имаше целосната поддршка на претседателот Јоханис

На ова Ковеши на денешната прес-конференцијата рече дека во моментов нема политичка волја за независно правосудство и им порача на граѓаните дека корупцијата може да биде поразена. Според неа, зад иницијативата на Владата и Тоадер не стои желба за ефикасно судство туку желба да се сопрат истрагите и правдата:

-Корупцијата може да биде поразена, не се откажувајте, изјави таа на прес-конференцијата.

На инцијатива на министерот за правда беше покрената процедура за разрешување на Ковеши, жената чија што одлучна борба против корупцијата, на Романија и донесе многу пофалби во Европа и во светот. Според Тоадер, Ковеши со своите антикорупциски акции, го нарушила имиџот на Романија во светот.

Ковеши го подобри меѓународниот имиџ на Романија

Но случуваше токму спротивното. Ковеши го подобри имиџот на Романија која важеше да најкорумпирана земја во ЕУ откао влезе во европскиот клуб. Токму таа репутација ја натера Европската комисија да воведе, за Романија и Бугарија, посебен механизам на мониторинг во оваа област па така Комисијата секоја година објавува извештај за напредокот во борбата против корупцијата во Романија.

Овие годишни извештаи на бриселската администрација беа многу подобрени во последните години. Ковеши стана страв и трепет за корумпирани политичари и на извесен начин пример за тоа како треба да се води борбата против корупцијата.

Во годишниот извештај што таа го презентираше во февруари годинава, Ковеши кажа дека во 2017 година пред Суд биле  изведени 1.000 функционери под обвинение за корупција. Помеѓу нив има тројца министри, шест пратеници и поранешен претседател на Парламентот. Исто така, таа наведе дека директоратот кривично гонел 713 функционери, вклучувајќи и 28 градоначалници, 38 директори на јавни институции и еден сенатор.

-Сепак, корупцијата во Романија е и понатаму голема, на пример некои директори на болници земале милиони евра мито, а злоупотребите на ЕУ фондовите биле двојно зголемени, рече Ковеши.

Реакциите на ЕУ и САД

Токму затоа денес реагираше и Европската комисија заедно со САД. Тие потенцираа дека државата треба да продолжи да се бори против корупцијата.

Европската комисија ја предупреди денеска Романија дека ако резултатите од борбата со корупција во државата се влошат по отстранувањето од раководната позиција во Националната дирекција за борба со корупцијата Лаура Кодруца Ковеши, тоа ќе биде земено предвид.

–Во неколку наврати забележавме колку е важно судскиот систем во Романија да биде независен, за да има моќ да се бори против корупцијата – рече денес портпаролот на Комисијата.

Владата ја обвини Ковеши дека води политички процеси

Но оваа борба очигледно не и се допадна на социјал-демократската власт во Букурешт. Новото раководство на Социјалдемократската партија со месеци се обидува да ја разреши Ковеши која осуди и неколку видни членови на оваа партија, вклучувајќи го и поранешниот партиски лидер за изборни нерегуларности. Владеачката партија  ја обвинува  дека како шеф на Специјалното јавно обвинителство (ДНА),  води случаи кои биле политички мотивирани.

На министерот за правда Тудорел Тоадер не му се допаѓаше работата на Ковеши

По оваа иницијатива на министерот за правда за разрешување на Ковеши, илјадници граѓани протестираа во градови во цела Романија барајќи оставка од министерот за правда поради неговото барање да се смени главната обвинителка за корупција. Онлајн петицијата во која се претседателот Јоханис се повикува да не ја смени ја потпишале 108.000 граѓани.

Претседателот Јоханис изјави тогаш дека нема да ја смени шефицата на антикорупциското тело, како што побара Владата, но по одлуката на Уставниот суд мораше да го потпише указот бидејќи спротивното би било кршење на Уставот.

Специјалното јавно обвинителство беше формирано во 2006 година како еден од условите од Брисел за влез на Романија во Европската Унија.

Во февруари 2017 година НОВА беше во посета на ова обвинителство во Романија и направи интервју со Ковеши.

 

ДНА ЕУ Клаус Јоханис Корупција Лаура Ковеши САД Специјално јавно обвинителство Романија Тудорел Тоадер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.