Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе го доживее ли нашето СЈО романскиот успех

1
By Нова ТВ on February 5, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 5, 2017 21:21

Романија има Специјално јавно обвинителство, но има и народ кој постојано му дава поддршка да истрае во борбата со криминалците во власта. Успеаја и во последната битка, ја победија Владата на улица. По пет дена масовни протести, Романците го натераа премиерот Сорин Гриндеану да ја поништи уредбата за амнестија на криминал на функционерите.

Стотици илјади граѓани низ целата држава мината недела секој ден протестираа против контроверзната одлука, натераа еден министер да си поднесе оставка, а на крајот и владата да ја повлече одлуката.

Вчера околу 140.000 луѓе формираа круг околу Палатата на парламентот, а речиси секој ден на протестите имаше најмалку 150.000 луѓе. Се проценува дека вчера на улиците излегоа најмногу демонстранти, околу 200 и 250 илјади.

Зошто Романија е успешна во борбата со корупцијата

Во 2006 година, во Романија формирано е Специјалното јавно обвинителство (ДНА), како еден од условите од Брисел за влез на Романија во Европската Унија. Оваа институција тогаш почнала скромно, па дури изгледала и безнадежно во државата во која корупцијата е навлезена во секоја пора од општеството.

Во првата година од постоењето имало само 360 обвинети, а 155 осудени лица за криминал. Бумот се случува со доаѓањето на младата обвинителка Лауда Кодрута Ковеси во 2013 година, кога дури 1073 луѓе се испратени во судница, а 1051 од нив добиле осудителна пресуда. Трендот продолжува и натаму.

Лаура Кодрута Ковеси

Меѓу осудените и обвинетите има претседатели, премиери, пратеници, сенатори, министри, судии, градоначалници, директори на државни институции, сопственици на медиуми, полицајци и многу други обвинети на различни позиции, за кои ДНА бара да се изречат мерки за замрзнување на нивните пари и имот во вредност од стотици милиони евра.

НОВАТВ во септември минатата година беше во посета на ДНА и Лаура Кодрута Ковеси и други институции во Романија кои се борат против криминалот и корупцијата и одблиску можевме да видиме како за само 10 години, оваа држава успеа зад решетки да стави илјадници корумпирани политичари.

Мотото на романското СЈО е непристрасност, интегритет и ефикасност. Ковеси со гордост вели дека ДНА има голема поддршка од романската популација. Но, наспроти граѓанската поддршка, нејзини „непријатели“ се корупмпираните функционери и бизнисмени кои се богатат со државни пари од тендери и врски со политичката елита.

„Довербата во обвинителството кај јавноста се зголемува. Уживаме поддршка кај повеќе од 62 проценти од граѓаните. Значително е зголемена довербата кај граѓаните во целокупниот судски систем. Имаме случаи против министри, поранешни министри, пратеници, имаме и пресуди за поранешни министри, па дури и една против поранешниот премиер на Романија, кој е осуден за време на мојот мандат“, вели Ковеси.

Романската приказна, во многу нешта потсетува на македонската сага. Но, засега романската е успешнa, а во Македонија се уште сме на почеток.

И ние имаме Специјално јавно обвинителство, но немаме ниту еден осуден функционер. СЈО има поддршка од граѓаните, имаше и протести за негова поддршка, а како една од освоените битки е повлекувањето на амнестијата донесена од претседателот Иванов за 56 функционери кои се под истрага на Специјалното јавно обвинителство.

Ако е за утеха и во Романија се води борба со дел од медиумите кои се под контрола на контроверзни бизнисмени и кои имаат бенефит од корумпирана власт. Но, за разлика од кај нас, таму од вкупно седум информативни телевизии, поведени се истраги и се осудени газдите на шест телевизии, кои завршиле во затвор за криминални активности.

„Има повеќе видови на притисоци. Најмногу сме притиснати од роковите во кои треба да ги сработиме случаите. Има некои барања кои мора да се решат веднаш. Но, другиот аспект се други видови на притисоци. И овие притисоци се манифестираат преку нападите од оние кои се под истрага, или луѓе кои ги поддржуваат тие кои се под истрага.“, вели Ковеси.

Под истрага, како и обвинети во списокот на Ковеси се најдоа поранешните премиери Адријан Настасе и Виктор Понта, како и братот на екс претседателот Трајан Басеску, кој беше осуден додека Басеску беше на функција.

Јанева и СЈО да опстојат во борбата против криминалот

Македонското Специјално обвинителство на чело со Катица е формирано и структурирано по теркот на ДНА на Ковеси. Романската обвинителка беше и во Скопје, а делегација од македонското СЈО престојувало во Букурешт, каде одблиску се запознале со работата на своите колеги. Ковеси вели дека и ДНА на почетокот ги имала истите проблеми како Специјалното јавно обвинителство во Македонија.

Имало обиди за укинување на обвинителството, за деградирање на обвинителите, за нивно поврзување со политички партии, но сепак ДНА се уште опстојува и добива и се поголеми надлежности. Под јурисдикција на ова обвинителство се сите случаи во кои криминалот е поголем од 10.000 евра.

Ковеси на своите македонски колеги им пораа да бидат трпеливи и да опстојат во својата битка за докажување на правдата.

„Мојата порака до колегите во Македонија е да продолжат со нивната работа да не дозволат да бидат заплашувани од никого и да го спроведуваат законот професионално и непристрасно“, порача Ковеси.

Најмасовни протести од падот на Чаушеску

Уредбата за декриминализација, ги предизвика најмасовните протести во Романија, по падот на комунизмот и претседателот Николае Чаушеску во 1989 година.

Според спорната уредба, корумпираните функционери би завршиле во затвор само ако украле над 200.000 леи односно 47.500 долари. Во некои случаи, на пример, ако криминалот се случил меѓу членови на исто семејство, казната во целост би се избегнала.

Но, ова не се први и единствени протести на граѓаните за поддршка на Ковеси и ДНА. Романците постојано излегуваат на улица кога власта ќе се обиде да чепне во интергритетот на специјалното обвинителство. Па така кога се носел буџетот, Министерството за финансии им ги скусило средствата кои ги барала ДНА. Граѓаните се организирале преку социјалните мрежи твитер и фејсбук и отвориле сметка за донации за Специјалното обвинителство. Кога министерот и владата увиделе каков гнев навлекле на себе, за три часа ја смениле одлуката и го одобриле бараниот буџет на ДНА.

Катица Јанева Лауда Кодрута Ковеси протести Романија СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.