Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид-19: Бројот на активни случаи од 1 јануари е зголемен за 11.000

0
By Sashko on January 17, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: news10.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од почетокот на јануари 2022 година до вчера, бројот на активни случаи се зголемил за над 11.000. Ако на 31 декември 2021 година, бројот на активни случаи беше 5.006, вчера тој изнесуваше 16.132. Процентот на позитивност за време на викендот е околу 22 процент.

Во претходното деноноќие беа регистрирани 1.348 нови случаи на ковид-19 од направени 6.141 тестови или 21,9 проценти. Од вкупниот број на позитивни 1.348, регистрирани се 145 реинфекции.

За претходните 24 часа беа пријавени осум починати лица и 784 оздравени пациенти, информираше вчера Министерството за здравство повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје.

Досега во земјата се направени вкупно 1.706.696 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 244.632, бројот на оздравени пациенти е 220.400, на починати е 8.100, а бројот на активни случаи изнесува 16.132, од кои пола се во Скопје.

Според епидемиолошки анализи, во моментот во Скопје има 8.609, следи Битола со 1.456, Прилеп – 890, Куманово – 580, Охрид – 565, Кавадарци – 413, Струмица – 321, Велес – 317, итн.

Поради нагорната линија на позитивни лица со ковид-19 со брзото ширење на омикронот, се очекува од надлежните неделава да соопштат дали на време ќе почне второто полугодие од учебната 2021/2022 година, на кој начин ќе се одвива наставата или ќе има одложување.

Изминатите неколку недели, здравствените власти истакнуваат дека притисокот врз болниците е намален што се однесува до хоспитализациите, но зголемени се амбулантските прегледи кои се движат и до стотина пациенти на ден во една установа.

Ковид-19 Македонија случаи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.