Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид-19 во Македонија: Вкупно 3.611 активни случаи, најмногу во Чаир

0
By Нова ТВ on July 5, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бројот на инфицирани лица со Ковид-19 вчера се зголеми за 147 со што вкупниот број на активни случаи во земјава изнесува 3.611. Најголем дел од новозаразените се евидентирани во Скопје (64), а по главниот град следуваат Куманово (8), Штип (6), Прилеп (3), Тетово (16), Струга (7), Велес (5), Битола (4), Охрид (5), Гостивар (9), Струмица (1), Крива Паланка (1), Кочани (1), Пробиштип (1), Кратово (1), Свети Николе (7), Кичево (4) и Ресен (4).

Скопската општина Чаир и натаму е со најголем број на активни случаи – 409, пред Гази Баба со 189, Карпош со 163, Бутел со 162, Аеродром со 150, Сарај со 149 и Центар со 143.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) вчера регистрира и 111 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 56, од Штип – 7, од Тетово – 36, од Велес – 2, од Битола – 3, од Гостивар – 1, од Гевгелија – 2, од Струмица – 1, од Свети Николе – 1 и од Ресен – 2.

Извештајот за вчерашниот ден донесе и шест починати пациенти – тројца од Скопје и по еден од Куманово, од Штип и од Берово.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 63 години. Во ГОБ „8 септември“ почина двајца пациенти од Скопје на возраст од 59 години, односно 63 години и еден од Штип на 36 годишна возраст. Во болницата во Штип починат пациент од Берово на возраст од 69 години додека во Куманово почина пациент на 78 годишна возраст.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата е 6.932, бројката на оздравени пациенти е 2.987, на починати е 334, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 3.611. Во Скопје има најмногу активни случаи – 1987, Тетово – 385, Куманово – 240, Охрид – 166, Штип – 158, Струга – 154.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 84 пациенти, на кислородна поддршка се 53 од нив и нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 37 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и пет деца позитивни и сомнителни на вирусот.

Во ГОБ „8 септември“ вкупно се хоспитализирани се 120 пациенти од кои шест се поставени на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип – 42 пациента. На инфективните одделенија во Тетово, во Охрид, во Велес, во Куманово, во Прилеп и во Гостивар се хоспитализирани 95 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Ковид-19 Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

ВЕСТИ September 16, 2025

Aпсолутен рекорд – 28 поглавја од преговорите се отворени за 11 месеци.

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.