Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид-19 во последните 24 часа во Македонија: Шест излекувани, 29 нови случаи

0
By Нова ТВ on May 14, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Шест излекувани лица и 29 новозаболени е билансот на ковид-19 во земјата за последните 24 часа, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Најмногу оздравени пациенти во последното деноноќие се забележани во Велес – тројца и по еден во Штип, во Гостивар и во Кочани.
Во изминатите 24 часа се направени 349 тестирања, при што се потврдени 29 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје – 9, во Куманово – 1, во Прилеп – 6, во Тетово  -5, во Струга – 2, во Велес – 2, во Битола – 2 и во Охрид – 2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.723, бројката на оздравени пациенти е 1.235, на починати е 95, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 393. Последната дистрибуција по градови е следна

Скопје – 588, активни 138
Куманово – 411, активни 47
Дебар – 51, активни 0
Штип – 35, активни 1
Прилеп – 190, активни 62
Тетово – 126, активни 63
Струга – 69, активни 6
Велес – 111, активни 49
Битола – 25, активни 6
Охрид – 17, активни 2
Кавадарци – 5, активни 0
Гостивар – 19, активни 3
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 2, активни 0
Крива Паланка – 6, активни 2
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 31, активни 4
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 2, активни 0
Неготино – 9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево – 3, активни 1
Делчево – 1, активни 0
Валандово – 1, активни 1
Виница – 2, активни 0
Кратово – 2, активни 2
Берово – 1, активни 1

Направените 349 теста се преку Институтот за Јавно Здравје (ИЈЗ) – 211, преку Ветеринарен факултет – 27, преку „Авицена“ – 17, преку „Биотек“ – 34, преку Клиниката „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 33, преку „Систина“, со PCR метода, – 10 и преку МАНУ – 17. Досега во земјата се направени вкупно 20.088 тестирања на ковид-19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени пет нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 20 пациенти, на механичка вентилација се тројца пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ се примени 11 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 27. На респираторна машина се четири лица, три имаат потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани три лица, на домашно лекување се следат уште двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно шест, нема повеќе пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, во Велес, во Куманово и во Прилеп се хоспитализирани 49 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Дневен биланс Коронавирус Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.