Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 2.250 тестови, а регистрирани се 319 нови случаи на Ковид-19.
Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 54 реинфекциии.
Регистрирани се две починати лица, од Скопје (69г и 71г), починати во болнички услови. Кај двајцата починати биле регистрирани коморбидитети.
Како оздравени се евидентирани 288 лица. 
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 302.867, бројот на оздравени пациенти е 291.719, на починати е 9.164, а бројот на активни случаи изнесува 1.984.