Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид биланс: Четири лица починаа, 16 излекувани, 19 новозаболени од 512 тестови

0
By Нова ТВ on May 20, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Четири лица починаа, 16 се излекувани и 19 се новозаболени од ковид-19 во земјата во последните 24 часа, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Во ГОБ „8 септември“ починаа пациентка од Скопје на 65 годишна возраст која била хоспитализирана на 11 мај, пациент од Скопје на возраст од 71 година кој бил хоспитализиран во саботата (16 мај) и 73 годишен пациент од Тетово кој бил примен на 11 мај. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Прилеп (41) кој бил хоспитализиран повеќе од 40 дена.

Министерството за здравство информира дека Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска регистрира 16 оздравени пациенти и тоа во Скопје – 7, во Куманово – 1, во Тетово – 3, во Велес – 1, во Кочани – 1 и во Неготино – 3.

Во изминатите 24 часа се направени 512 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје – 11, во Куманово – 2, во Прилеп – 1, во Тетово – 1, во Велес – 1, во Гостивар – 1, во Струмица – 1 и во Виница – 1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.858, бројката на оздравени пациенти е 1.367, на починати е 110, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 381. Последната дистрибуција по градови е следна:

Скопје – 647, активни 145
Куманово – 418, активни 22
Дебар – 51, активни 0
Штип – 38, активни 4
Прилеп – 203, активни 59
Тетово – 151, активни 63
Струга – 71, активни 5
Велес – 126, активни 53
Битола – 27, активни 8
Охрид – 21, активни 6
Кавадарци – 5, активни 0
Гостивар – 21, активни 4
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 3, активни 1
Крива Паланка – 6, активни 1
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 31, активни 3
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 2, активни 0
Неготино – 9, активни 2 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево – 3, активни 1
Делчево – 1, активни 0
Валандово – 1, активни 0
Виница – 3, активни 1
Кратово – 2, активни 1
Берово – 1, активни 1
Свети Николе – 1, активни 1

Направените 512 теста се преку ИЈЗ – 235, преку Ветеринарен факултет – 15, преку „Авицена“ – 15, преку „Биотек“ – 48, преку Клиниката „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 53, преку „Систина“ со PCR метода – 31 и преку МАНУ – 115. Досега во земјата се направени вкупно 22.767 тестирања на ковид-19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 223 се дел од скринингот во градинките и нема позитивни. Од досега направените 1.131 тестирања на вработени во градинките досега е потврден само еден позитивен случај на ковид-19 во Битола.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се пет нови пациенти, а хоспитализирани се вкупно 46 пациенти. На кислородна поддршка се 20 лица, на механичка вентилација се двајца пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ се примени се седум нови, а вкупно се хоспитализирани 25 пациенти. На респиратор се двајца и уште четворица имаат потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани осум лица со ковид-19, на домашно лекување се следат уште тројца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани шест пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, во Велес, во Куманово, во Охрид и во Прилеп се хоспитализирани 49 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Дневен биланс Ковид-19 Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.