Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид биланс: Нови 20 заболени лица, 24 излекувани, еден починат пациент

0
By Нова ТВ on May 23, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нови 20 заболени лица, 24 излекувани и еден починат пациент е ковид биланс во земјава за изминатото деноноќие, соопштуваат од Министерството за здравство (МЗ). Дваесетте нови пациенти се регистрирани преку 744 теста во последните 24 часа од кои во Скопје се 16 и по двајца во Куманово и во Прилеп.

Од МЗ информираат дека на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска се забележани 24 оздравени пациенти и тоа во Скопје – 4, во Куманово – 3, во Прилеп – 5, во Тетово – 6, во Велес – 4 и во Битола – 2. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Скопје на 63 годишна возраст кој бил примен на болничко лекување на 6 мај како сомнителен на ковид, а ден подоцна и потврден како позитивен.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.941, бројката на оздравени пациенти е 1.411, на починати е 113, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 417. Последната дистрибуција по градови е следна:
Скопје – 701, активни 189
Куманово – 425, активни 26
Дебар – 51, активни 0
Штип – 38, активни 3
Прилеп – 208, активни 53
Тетово – 165, активни 70
Струга – 71, активни 4
Велес – 127, активни 45
Битола – 28, активни 7
Охрид – 21, активни 6
Кавадарци – 5, активни 0
Гостивар – 21, активни 4
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 3, активни 1
Крива Паланка – 6, активни 1
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 31, активни 0
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 2, активни 0
Неготино – 10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево – 3, активни 1
Делчево – 1, активни 0
Валандово – 1, активни 0
Виница – 3, активни 1
Кратово – 2, активни 1
Берово – 1, активни 1
Свети Николе – 1, активни 1
Направените 744 теста се преку ИЈЗ – 462, преку Ветеринарен факултет – 28, преку „Авицена“ – 38, преку „Биотек“ – 37, преку Клиниката „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 38, преку „Систина“ со PCR метода – 22 и преку МАНУ – 119. Досега во земјата се направени вкупно 24.762 тестирања на ковид-19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 355 теста се дел од скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, во Кочани, во Куманово и во Скопје во градинки и во геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19. Досега со скринингот се направени 2.060 тестирања на ковид-19, а регистрирани се само два позитивни случаја на вработени во градинка во Битола и во Скопје. Сите останати резултати се негативни.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа се примени четворица нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 55 пациенти. На кислородна поддршка се 32, на механичка вентилација се две лица.
Во ГОБ „8 септември“ се примени 9 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 20 пациенти. На респиратор се пет лица, a со потешка клиничка слика се уште тројца пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани пет пациенти, на домашно лекување се следат уште четворица. Во болницата во Штип се хоспитализирани пет пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, во Велес, во Куманово, во Прилеп и во Охрид се хоспитализирани 44 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Дневен биланс Ковид-19 Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.