Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид биланс: Нови 35 заразени лица, 19 излекувани, пет починати

0
By Нова ТВ on May 30, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нови 35 заразени лица, 19 излекува и пет починати пациенти е билансот на ковид-19 во земјава за последните 24 часа, информираат од Министерството за здравство (МЗ). По направените 1.120 тестирања во изминатото деноноќие, вирусот е детектиран кај 22 лица во Скопје, кај шест во Тетово, кај четири во Куманово и по еден во Гостивар, во Струга и во Штип.

Од МЗ истакнуваат дека Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска регистрира и 19 оздравени пациенти и тоа во Скопје – 8, во Куманово – 3, во Прилеп – 2, во Тетово – 1, во Велес – 1, во Битола – 2 и во Неготино – 2.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 69 годишна возраст кој бил хоспитализиран на 15 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина 70 годишен пациент од Струга кој бил примен во болницата на 17 мај и двајца од Скопје, пациент на возраст од 70 години, примен на 28 мај и 47 годишен пациент на болничко лекување од 21 мај.

Во денешниот извештај на ИЈЗ е евидентирано и бебето од Скопје кое, на барање на родителите, со авион беше транспортирано во Швајцарија каде починало. Бебето беше хоспитализирано на Детската клиника и имаше позитивен резултат на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.164, бројката на оздравени пациенти е 1.535, на починати е 131, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 498. Согласно ова, последната дистрибуција по градови е следна:

Скопје – 817, активни 248
Куманово – 453, активни 44
Дебар – 51, активни 0
Штип – 62, активни 27
Прилеп – 211, активни 41
Тетово – 198, активни 75
Струга – 80, активни 11
Велес – 129, активни 29
Битола – 28, активни 4
Охрид – 23, активни 6
Кавадарци – 5, активни 0
Гостивар – 23, активни 5
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 3, активни 1
Крива Паланка – 6, активни 0
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 32, активни 1
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 3, активни 1
Неготино – 12, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево – 3, активни 0
Делчево – 1, активни 0
Валандово – 1, активни 0
Виница – 3, активни 1
Кратово – 2, активни 0
Берово – 1, активни 0
Свети Николе – 1, активни 1.

Направените 1.120 теста се преку ИЈЗ – 546, преку ЦЈЗ Скопје – 66, преку „Авицена“ – 50, преку „Биотек“ – 178, преку Клиниката „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 51, преку „Систина“ со PCR метода – 120 и преку МАНУ – 109. Досега во земјата се направени вкупно 28.804 тестирања на ковид-19.

Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие, 487 отпаѓаат на скринингот во градинките и во геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, во Битола, во Куманово и во Скопје, а потврден е еден позитивен случај во градинка во Тетово. Досега во рамките на скринингот се направени 3.502 тестирања, а потврдени се вкупно шест позитивни случаи на ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа се примени четворица пациенти, а хоспитализирани се вкупно 40 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 19 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 10 нови, а вкупно хоспитализирани 38 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани тројца пациенти, а на домашно лекување се следат уште две лица. Во болницата во Штип се хоспитализирани 15 пациенти со ковид-19, а на домашно лекување се следат уште 10 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, во Велес, во Куманово и во Прилеп се хоспитализирани 29 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Дневен биланс Коронавирус Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.