Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид биланс: Нови 76 инфицирани лица, едно починато и 26 излекувани

0
By Нова ТВ on June 2, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нови 76 инфицирани лица, еден починат и 26 излекувани пациенти е ковид билансот во земјата за последните 24 часа, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Во изминатото деноноќие се направени 885 тестови преку кои вирусот е детектиран кај 52 лица во Скопје, кај 14 во Тетово, по двајца во Велес, во Гостивар и во Куманово и по еден во Кратово, во Пробиштип, во Штип и во Кочани.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Струга на возраст од 56 години која била хоспитализирана на 21 мај како сомнителна на ковид, а подоцна и потврдена како ковид позитивна.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска регистрира 26 оздравени пациенти и тоа во Скопје – 12, во Куманово – 2, во Тетово – 11 и во Гостивар – 1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.391, бројката на оздравени пациенти е 1.595, на починати е 141, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 655. Последната дистрибуција по градови е следна:

Скопје – 928, активни 338
Куманово – 469, активни 55
Дебар – 51, активни 0
Штип – 104, активни 69
Прилеп – 212, активни 30
Тетово – 231, активни 86
Струга – 84, активни 12
Велес – 132, активни 29
Битола – 28, активни 3
Охрид – 23, активни 6
Кавадарци – 5, активни 0
Гостивар – 29, активни 8
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 4, активни 2
Крива Паланка – 6, активни 0
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 38, активни 7
Пробиштип – 3, активни 1
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево – 3, активни 0
Берово – 1, активни 0
Валандово – 2, активни 1
Виница – 3, активни 1
Делчево – 1, активни 0
Кратово – 3, активни 1
Свети Николе – 2, активни 2
Кичево – 3, активни 1
Неготино – 12, активни 3 (*7 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 885 теста се преку ИЈЗ – 249, преку ЦЈЗ Скопје – 34, преку „Авицена“ – 35, преку „Биотек“ – 136, преку Клиниката „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 175, преку „Систина“ со PCR метода – 128 и преку МАНУ – 128. Досега во земјата се направени вкупно 31.187 тестирања на ковид-19.

Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие, 127 отпаѓаат на скринингот. Тестовите се направени во градинки и во геронтолошки установи во Скопје и не се потврдени позитивни случаи на ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа се примени шест пациенти, а хоспитализирани се вкупно 40 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 16 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ се примени девет нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 31 пациент. На респираторна машина се шест лица и уште толку имаат потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани седум пациенти, а на домашно лекување се следи едно лице. Во болницата во Штип се хоспитализирани 14, а на домашно лекување се следат уште 16 лица. На инфективните одделенија во Охрид, во Велес, во Куманово и во Прилеп се хоспитализирани 27 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Дневен биланс Коронавирус Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.