Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Козби и Полански се исклучени од Академијата за филмски награди

0
By Нова ТВ on May 3, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 3, 2018 22:20

Актерот Бил Козби и режисерот Роман Полански се исклучени  од американската Академија за филмска уметност и наука, соопшти престижната организација која ги доделува Оскарите .

Во соопштението од американската Академија за филм пишува дека членовите на одборот “гласале да се исклучат актерот Бил Козби и режисерот Роман Полански  во согласност со стандардите на однесување на организацијата. Одборот продолжува да промовира етички стандарди и бараат од членовите да ги поддржат вредностите на Академијата за почитување на човековото достоинство”.

Само четворица луѓе досега  биле протерани во 91-годишната историја на Академијата.

Американскиот комичар Бил Козби е прогласен за виновен за три сексуални напади. Актерот беше обвинет дека ја дрогирал и сексуално ја вознемирувал поранешната кошаркарка Андреа Констанд во 2004 година.

Роман Полански е обвинет дека  дрогирал и силувал 13-годишно девојче во куќата на Џек Николсон во 1977 година. Полански признал дека имал сексуални односи со девојчето и поминал 42 дена во притвор пред да биде пуштен со кауција. Тој побегна во Франција во 1987 година и веќе никогаш не се врати во САД.

Полански во 2003 го освои Оскарот за најдобар режисер за филмот „Пијанист“.

Во октомври минатата година, одборот на Академијата за филм го исклучи од членство во организацијата продуцентот Харви Вајнстин откако 70 жени поднесоа тужби против него за сексуално злоставување.

 

Академија за филм Козби Полански
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.