Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коѕиас: Претходната Влада го претвори прашањето во идентитетско

1
By Нова ТВ on June 14, 2017 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На првата официјална средба, министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас Атина изразија задоволство и надеж за унапредување на односите и ги повторија ставовите дека Македонија очекува поддршка од Грција, додека Грција сака прво компромис за името, па потоа евро-атлантска интеграција на Македонија.

– Грција цврсто го поддржува територијалниот интегритет на државата, без интервенции од трети страни. Ние сме против санкции кон нашиот сосед. Знаеме дека нашиот сосед сака да биде член на разни организации, ние сме подготвени, но прво мора да се реши прашањето за името.  Претходната влада не работеше на компромис и прашањето за името од географско го претвори во идентитетско. Се надевам дека ќе разговараме за името што ќе доведе до решение. Ви благодарам Никола што за вашата прва официјална посета го одбравте овој град, рече Коѕиас денеска на заедничката прес конференција со Димитров во Атина.

Димитров рече дека на средбата ги кажал приоритетите на новата влада

-Сакам преку конкретни чекори да изградиме нова слика во регионот. Ние ќе си го изиграме нашето и ќе продолжам да давам аргументи и со зборови и со дела дека е во интерес на нашиот поголем и повлијателен сосед ние да бидеме европска демократија  која ќе влезе во НАТО и ќе почне преговори за ЕУ. Уверен сум дека отворањето на патот може да помогне да се затвори главното прашање. Не сум наивен, ова е прва средба, патот нема да биде лесен, но сакам да ја пренесам пораката дека овде сум да барам поддршка, нас ни треба поттик за исправено да зачекориме по патот по кој сакаме да одиме. Бевме неподвижни неколку години. Немаме скриени агенди и сакаме да бидеме пријател со вашата земја, порача Димитров.

На прашањето во врска со „иредентизмот“ за кој се зборува во Грција, македонскиот министер рече дека тој не е од оние кои придаваат значење на скулптурите и имињата. Тоа, според Димитров, им наштети на нашите односи и им даде оаргументи на оние кои не сакаа да има добри односи меѓу Македонија и Грција.

– Да ве убедам дека ние сме фокусирани цврсто на границите кои ги имаме, сакаме да си ја спасиме државата, предолго чекаме, рече тој.

Коѕиас, пак, демантираше дека кризата во Македонија се појавила како последица на одлуката во Букурешт во 2008 и додаде дека претходната македонска влада воопшто не практикувала постигнување компромис.

– Задоволни сме што соседната земја го најде патот за стабилноста, навистина сме задоволни со се што чувме за заложбите на новата влада и премиерот Зоран Заев. Преговорите стануваат попријатни. Се согласивме со министерот дека треба да се преземат најдобрите мерки и чекори за развој на нашата  соработка и да почне процес на градење мерки на доверба. Го расчистивме и прашањето за патот за пренос на нафта од солунското пристаниште, за развој на железницата, дипломатските односи, сега зборувавме за изградба на гасоводот од Грција до Скопје, имаме стабилни односи меѓу универзитетите, напредуваме во мерките за градење на доверба и се предлагаат нови мерки, рече Коѕиас.

На средбата двајцата министри зборувале за мерките за градење доверба, па на досегашниот список се додадени уште неколку.

Димитров Коѕиас спор за името
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.