Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коѕиас: Решението нема да биде правно,историски и политички неприродно

0
By Нова ТВ on February 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Очекуваме од Скопје, конечно да излезе и јавно да каже која ќе биде придавката во сложеното име и да им го објасни тоа на граѓаните, изјави министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во интервју за Eуроњуз на грчки јазик, пренесува МИА.

Тој откри дека Атина веќе го подготвува теренот за Грците да го прифатат сложеното име, додавајќи дека од другата страна не постои иста таква подготовка.

– Грчката влада презеде одговорност да каже јавно дека сака промена на името и дека ова име ќе биде сложено за сите употреби со конкретна одредница и излеговме јавно и кажавме дека во ова име ќе биде вклучен и терминот „Македонија“. Ние си ја завршивме нашата работа. Уште чекаме од Скопје, конечно да излезе, јавно да каже во ова сложено име која ќе биде придавката пред именката и да го опишат тоа пред нивниот народ. Ние го подготвуваме јавното мислење и секако како што гледате тоа си има и потешкотии. Не гледам дека и другата страна прави иста подготовка и ова, денес додека го правиме ова интервју, ме загрижува, вели шефот на грчката дипломатија.

Во однос на одредницата и сложеното име, Коѕијас објаснува дека грчката влада ги преферира придавките што имаат „словенска нијанса во нивната фонетика“.

За тоа кој е ставот на Атина за прашањето со идентитетот, тоа ќе го соопштат самите во преговорите, а не медијаторот.

Во однос на нацрт спогодбата што ја подготвува грчката влада и во следниот период ќе и ја достави на Македонија, Коѕијас, уште еднаш повторува дека ќе биде текст за кој ќе разговараат двете страни, а не „земи или остави“ и вели дека „не би го нарекол краен договор, туку конечен договор, наспроти насловот „времена“ за спогодбата од 1995“.

На прашањето дали се разгледува можноста опсегот на употреба да се усвои постепено, односно по влезот на Македонија во ЕУ, Никос Коѕијас, вели дека потребно е двете страни да се држат до она за што додека преговарале постоело договор, не потоа да има промена на мислење или одново да се преговара, затоа што тоа е „преговори за преговорите“.

– Нема шанси да правиме нешто што правно, историски и политички е неприродно за две држави што сакаат да се договорат. Сакам да кажам дека промените на името треба да бидат на начин на кој ќе го олеснат влезот на соседната земја – пријател во организациите што таа посакува да стане член, коментира Коѕијас, пренесува МИА.

Шефот на грчката дипломатија вели дека „промената на уставното име е важна можност, меѓународните договори што ќе се склучат да се совпаднат со самиот Устав“ и смета дека во уставните промени би требало да биде вклучено и името. Во однос на тоа дали промените би поминале во македонското Собрание, Коѕијас во интервјуто вели дека Заев има доволно мнозинство за да ратификува меѓународен договор, а „уставните промени ќе се направат кога ќе дојде време.“

Коѕијас говорејќи за Eуроњуз повторува дека и привременото име „поранешна југословенска Република Македонија“ е сложено име со вклучен терминот „Македонија“.

– Не одиме на крштевка на едно новороденче каде што првпат ќе дадеме име. Одиме на свадба, одиме да склучиме договор со една земја што е признаена од 130-140 земји под име што го содржи терминот „Македонија“, вели Коѕијас.

Протестот во Атина, „за одбрана на името Македонија“, смета дека не бил толку голем колку што очекувале организаторите, „доколку се земе предвид дека учествувала целата десничарска, централно- десничарска и радикално десничарска опозиција, како и црквата“. Неговите проценки се дека имало од 120 илјади до 140 илјади граѓани, „но тоа не ја менува политиката на владата и одговорноста за решавање на проблемите“.

За ставот на коалицискиот партнер во владата, Панос Каменос и неговиот коментар на Твитер дека на протестот била „душата на Грците, нешто што никој не може да не го почитува“, Коѕијас вели дека во владата постои мнозинство кое одлучува. Како пример дека е нормално во коалициските влади да постојат различни мислења го споменува случајот со „мек“ или „тврд“ Брегзит и ставот на конзервативната партија и несогласувањето меѓу Борис Џонсон и Тереза Меј.

интервју Коѕиас Нимиц преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.