Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коѕијас и Кумуцакос се скараа за ставовите на Заев

0
By Нова ТВ on April 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Последните јавно изнесени ставови на македонскиот премиер Зоран Заев, беа причина за нови препукувања меѓу власта и опозицијата во Грција. Одговорниот за надворешна политика во Нова демократија Јоргос Кумуцакос, побара одговори од владата за што точно преговара, на што реагираа од прес службата на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас дека опозицијата била детално известена за грчките позиции на средбата Коѕијас – Кумуцакос, објави МИА.

– По изјавите на Заев за агенцијата МИА, дека Скопје не разговара за промена на Уставот, ниту за име за севкупна употреба, односно ерга омнес, сите Грци се прашуваат: за што преговара владата на Ципрас, Каменос, Коѕијас? Очекуваме конечно одговор, вели Јоргос Кумуцакос, одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија.

Од прес службата на шефот на грчката дипломатија, преку соопштение одговараат дека пред две седмици, Никос Коѕијас го известил Јоргос Кумуцакос за сите случувања околу името.

– Секако, ако Нова демократија сака да биде опозиција само колку да се каже, користејќи ги како аргумент изјавите на премиер на друга земја, во конкретниот случај на ПЈРМ, а не на грчкиот премиер и грчкиот министер за надворешни работи тоа е нејзина работа. Но, така, уште еднаш ја покажува големината на неодговорноста  во управувањето со националните прашања, соопштуваат од прес центарот на Коѕијас, објави грчката државна агенција АНА-МПА.

Како што вчера објави МИА, текст објавен во грчкиот весник „Та неа“ за разговорите за името и наводно пазарење меѓу Атина и Берлин, исто така предизвика реакции и меѓусебни обвинувања на релација власт- опозиција во Грција.

Грција Заев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.