НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коѕијас: Македонија и македонскиот јазик постојат, да најдеме решение

2
By Нова ТВ on March 28, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: АНА МПА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Името не треба да има иредентистички елементи, треба да биде сложено со географска одредница, со придавка и да разграничува дека не станува збор за грчката Македонија, вели шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во обраќањето на промоцијата на книгата „Македонското прашање“ на Никос Мерѕос, пренесува МИА.

– Треба да најдеме сложено име што ќе ја изразува посебноста и географската позиција на оваа држава, а во исто време нема да навредува ниту една од двете страни, смета Коѕијас.

Шефот на грчката дипломатија рече дека патриотизам не е да го негираш правото на другата страна да е горда на нејзината историја, „доколку е вистинска, а не фалсификувана“.

– Патриотизам за мене значи сложено име. Ова сложено име треба да важи за сите, бидејќи во преговорите во изминатите години имаше една забуна, дали треба да важи само за меѓународни организација, дали треба да важи за меѓудржавни односи, а ова многумина го нарекуваат ерга омнес. Но, вистинското ерга омнес е да важи за сите и за сите односи, односно и за внатрешноста. Да важи и да биде изразено со меѓународниот договор што ќе го потпишеме во ОН и со промените што треба да се направат во нивниот Устав, рече Коѕијас.

Во врска со инсистирањето на Грција за промената на македонскиот Устав, Коѕијас рече дека таа е неопходна, не само бидејќи тоа е грчко барање и гаранција за Атина, туку е неопходна и за внатрешни гаранции и за некоја идна влада, затоа што „следниот Груевски 2“ ќе излезе со обвинувања.

Во однос на ерга омнес и зошто е тоа потребно, Коѕијас објасни дека не треба да се остави простор во иднина да се родат нови проблеми и нови секојдневни препукувања меѓу двете страни.

Никос Коѕијас додаде дека кога ги започнал преговорите му кажал на медијаторот Метју Нимиц  дека „со рака на срце сака чесно решение“, ниту да го наметне ниту да му го наметнат, решение со географска одредница пред зборот Македонија.

Според шефот на грчката дипломатија, договорот треба да биде стабилен и издржлив и да ја развива довербата меѓу двете страни. Порача дека е потребно да се направи компромис, бидејќи Грција не треба да се плаши.

– Ние не може да се плашиме, силната Грција, Грција со долга историја, Грција на Александар Велики, Грција со големата историја, филозофија на Аристотел итн, да се плаши да направи компромис со една мала држава што се уште не си го има најдено нејзиниот идентитет, додаде Коѕијас и објасни дека „луѓето од соседната земја, прифаќаат дека зборовите Македонија и македонски јазик не се однесуваат на Александар Велики“.

Никос Коѕијас направи и историска ретроспектива на проблемот со името.

– Не е правилно да велиме дека сега ќе го дадеме името Македонија. Не одиме на крштевка. Детето постои и се вика Македонија, самите си се нарекуваат така барем еден век. И како Македонија постојат како дел од политички ентитет во разни облици пред 70 години, рече Коѕијас, споменувајќи го фактот дека во 1977 година македонскиот јазик, без Грција да реагира, бил признат од ОН.

Шефот на грчката дипломатија потсети дека Македонија како поширок географски регион припаѓа на четири држави, а не само на Грција.

– Моите пријатели во Скопје, се или се обидуваат да станат најмлада европска држава, најмлада европска нација, ако го тргнеме Косово настрана, се обидуваат да најдат еден историски идентитет на еден, според нас, погрешен начин и наместо да се ограничат на тоа дека се народ составен од различни заедници, од кои мнозинството се Словени, со втора голема заедница Албанците, со Власи итн., се обидоа да го спојат, да го цементираат нивното постоење со националната историја што ја немаа и со споменување на македонизмот во историјата и идентитетот. И тука се роди иредентизмот. И очигледно е дека проблемот со името, го концентрира иредентизмот во историјата, во образованието, во симболите, се концентрира во нивната секојдневна свест, рече Коѕијас, а во истиот контекст ги спомена преименувањата на аеродромот и автопатот, како голем чекор.

името Косијас преговори Промоција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.