Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коѕијас: Нема доволно време за ПЈРМ во јуни да влезе во НАТО

2
By Нова ТВ on April 18, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервју за грчкото радио 247 рече дека на следниот НАТО самит во јуни, Македонија не може да стане членка, бидејќи е краток временскиот рок, пренесува МИА.

Тој објаснува дека дури и да се постигне договор, нема доволно време за да се заврши целата процедура.

– Тие сакаат да распишат референдум. За референдум во земјата – пријател на север, потребни се два месеци. Само за референдумот ќе дојде јуни. А откако ќе се заврши со референдумот, договорот ќе треба да оди во Собранието, а и за тоа треба половина месец или еден месец. Откако ќе стигне во Собранието, ќе треба тоа направи уставни измени. За да имаме договор ќе треба да се согласиме за уставни промени. Што значи ќе стигне есен, објасни шефот на грчката дипломатија, но додаде дека во НАТО одлуките може да ги донесат дури и постојаните претставници.

Во однос на разговорите и точките за кои се преговара, министерот за надворешни работи на Грција во интервјуто за грчкото радио, рече дека идентитетот е прашање на самоопределување, а за националноста ќе се користи новото име, односно во пасошите ќе стои „државјанин на таа и таа земја, државјанин на името за кое што ќе постои договор“.

– Идентитетот е прашање на самоопределување. Да го запомниме ова, затоа што не треба и ние да ги прекршуваме меѓународните закони, објасни Коѕијас.

Тој не сака јавно да коментира дали двете страни се блиску до договор за името „Горна Македонија“. Рече дека од петте предлози на Нимиц, отфрлено е името „Република Македонија (Скопје)“, а Грција остава на нашата земја да ја одбере одредницата.

– Од моментот кога има сложена географската одредница немаме проблем, но оваа сложена географска одредница, треба да е и за внатрешна употреба на земјата, рече шефот на грчката дипломатија.

Категорично „не“ одговори Коѕијас, на прашањето дали без ревизија на Уставот и ерга омнес, може да се постигне договор. Министерот за надворешни работи на Грција во интервјуто оваа негова позиција уште еднаш ја поткрепи со примерот со документите. Рече дека од кај нас ги слушнал аргументите дека Грција не ја засега ако една општина во допис до друга општина го користи името Република Македонија. На ова, одговорил дека постојат низа документи што ќе создадат проблеми во функционирањето, како на пример Уставот, доколку би се пратил во странство, а името што е вклучено нема да се смени и да биде новото, она за меѓународна употреба, туку ќе биде уставното, но преведено.

– Ако не постои ерга омнес и употреба за сите меѓународни, меѓудржавни, билатерални односи, во меѓународните организации, а и во внатрешноста на земјата, ќе инвестираме во кавги и несогласувања во следниот век, ова се обидувам да ѝ го објаснам на ПЈРМ.  Ќе излегуваат документи, дозволи, дипломи во странство со внатрешното име, ние ќе ги бркаме дека го прекршуваат договорот, а тие ќе велат дека се случи по грешка и ако денес имаме кавга за тоа кое име се користи во меѓународните организации,  тогаш ќе имаме секојдневна кавга што ќе биде ќорсокак и ќе ги влошува условите меѓу двете држави, рече шефот на грчката дипломатија, додавајќи дека Грција бара договор што нема да создава, туку ќе ги решава проблемите.

Тој уште еднаш го повтори неговиот став дека прашањата во дипломатијата не може да се решаваат преку изјави и интервјуа  и додаде дека сите, вклучувајќи го и него, треба да бидат поодговорни, потрезвени и посериозни.

Никос Коѕијас ги коментираше како позитивни и пореални  резултатите од истражувањето на јавното мислење во Грција, според кое, 7 од 10 Грци сметаат дека е потребно да се најде заемно прифатливо решение.

– Мислам дека кого било од нас да прашате: Би сакале, земјата на северната граница на Грција да се вика „Централна Балканска Република“ или „таа и таа Македонија“. Би го преферирал првото. Првото е тоа што го преферирам, а второто е реализмот и тоа што треба и што можам да направам, објасни Коѕијас во интервјуто за радиото 247, пренесува МИА.

името Косијас НАТО преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.