Непознат крадец вчера ограбил банка во Солун и со себе понел 7.000 евра. Според грчката полиција, крадецот бил вооружен, но не го употребил оружјето, ниту се заканувал.
Напаѓачот на банкарскиот службеник само му предал пишана порака дека во тек е грабеж и да му ги предаде сите пари. Властите сѐ уште трагаат по сторителот.