Published: Tuesday, July 26, 2016 11:35
Француската полиција ги уби двајцата вооружени мажи со ножеви кои неколку часа држеа во заложништво неколку луѓе во црква во Сен Етјен во северна Франција, јавуваат светски медиуми.
Напаѓачите претходно го убиле свештеникот кој бил еден од заложниците.
Според локалната полиција напаѓачите влегле во црквата од споредниот влез и прво го зеле свештеникот за заложник, потоа и две чесни сестри и двајца верници, кои присуствувале на мисата.
Една од чесните сестри успеала дa побегне и ја информирала полицијата. На акцијата и претходеле преговори со напаѓачите.




