Ако во претходните два настапа во Париз успеваше да се врати по загубен сет, денеска беше немоќна да се пробие до осминафинале на Ролан Гарос. Водечката на ВТА листата, Наоми Осака го заврши учеството на отвореното тениско првенство на Франција во третото коло. Катерина Синијакова од Чешка ја елиминира Јапонката со убедливи 6:4, 6:2.
„Ова е неверојатно. Го одиграв најдобриот тенис во кариерата“, рече Синијакова, моментно 42 светски рекет во поединечна конкуренција и водечка во двојки во моментот кај дамите.
За Осака ова е прв пораз по 16 врзани победи на гренслем турнирите, а денеска не можеше против Синијакова и дури 38. неизнудени грешки што ги направи. Наредна противничка на чешката тенисерка ќе биде Американката Медисон Киз.
Ролан Гарос, 3 коло
Жени
Синијакова (Чешка) – Осака (1., Јапонија) 6:4, 6:2
Халеп (3., Романија) – Цуренко (27., Украина) 6.2, 6:1
Киз (14., САД) – Блинкова (Русија) 6:3, 6:7, 6:4
Мажи
Ѓоковиќ (1., Србија) – Карузо (Италија) 6:3, 6:3, 6:2
А. Зверев (5., Германија) – Лајовиќ (30., Србија) 6:4, 6:2, 4:6, 1:6, 6:2
Циципас (6., Грција) – Краиновиќ (Србија) 7:5, 6:3, 6:7, 7:6
Фоњини (9., Италија) – Баутиста Агут (Шпанија) 7:5, 6:4, 4:6, 6:1
Штруф (Германија) – Чориќ (13., Хрватска) 4:6, 6:1, 4:6, 7:6, 11:9
Вавринка (24., Швајцарија) – Димитров (Бугарија) 7:6, 7:6, 7:6