Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Крајот на премиерскиот мандат на Меркел се доближува

0
By Нова ТВ on October 29, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 29, 2018 10:08

Ангела Меркел денес и најави на својата партија дека нема да биде кандидат за нов претседателски мандат на својата партија ЦДУ на конгресот во декември. Со ова таа се обидува да најде решение за својата кревка владина коалиција, ослабната по изборниот неуспех што го доживеа вчера во регионот Хесен. И ја отвора трката за избор на нов претседател.

Резулатите од изборите вчера во Хесен покажуваат дека двете партии од владината коалиција, ЦДУ и СПД остварија лоши резултати и покрај тоа што всушност однесоа победа.

ЦДУ освои 27 отсто гласови но тоа претставува загуба од 11 отсто во однос на последните избори од 2013 година. Слична е ситуацијата и со социјал-демократите од СПД со освоени 19,8 отсто.

Според политикологот и професор на Универзитетот на Дресден Ханс Ворландер „овие две партии се како давеници врзани еден за друг“, изјави тој на телевизијата АРД.

Од друга страна еколошката партија освои двојно повеќе гласови и стаса до 19,8 отсто а екстремната десница успеа да влезе и во овој регионален парламент со 13,1 отсто.

Сега Меркел ќе треба да ги вложи сите сили да ја сочува владината коалиција. Социјал-демократите од СПД се заканија дека ќе излезат од коалицијата бидејќи нивната внатрешна ситуација е кревка, не се задоволни од функционирањето на коалицијата и многумина од партијата би сакале да одат во опозиција за да ја заздрават партијата. Внатре во владината коалиција исто така врие, пред се поради миграциската политика.

Според претседателката на СПД Андреа Нахлес, „ситуацијата во која се наоѓа државата е неприфатлива“. Партијата постојано паѓа на секои избори и сега, на државно ниво, според анкетите полошо стои од екстремната десница. СПД има 15 отсто поддршка а екстремната АФД 16 отсто.

Доколку СПД си замине од владата, би значело распаѓање на коалицијата на Меркел, нови избори и крај на политичката кариера на канцеларката. Таа за денес најави говор во 13 часот што Германија со нетрпение го чека за да види што ќе се случува со владата.

Популарноста на Меркел постојано е во опаѓање. По 13 години на власт процесот е и природен но падот започна со одлуката на Меркел да ги отвори границите за мигрантите во 2015 година.

Според весникот Франкфутер Алгемајне Цајтунг, за Меркел би била „голема грешка“ доколку таа одлучи по секоја цена да остане на власт. Таа треба да разбере дека „го разбрала она што сите го знаат: крајот на нејзиниот мандат како канцеларка се доближува“, пишува денес овој влијателен весник.

Поранешниот лидер на парламентарната група Христијанско-демократска унија (ЦДУ) и нејзината баварска партија Христијанско-социјална унија (ЦСУ) Фридрих Мерц е подготвен да се кандидира за претседател на ЦДУ, јавија германските медиуми повикувајќи се на конзервативни извори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.