Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кратерот од Корешница се уште недостапен за Македонија

0
By on May 7, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 7, 2013 16:34

Во екот на аферите со криминално оттуѓување на вредното културно богатство на Македонија, повторно се актуелизира прашањето за мистериозното исчезнување на Кратерот од Корешница, кој се смета за еден од десетте најубави артефакти на светот и за еден од највредните археолошки предмети кој е пронајден на територијата на Македонија, а е оттуѓен на мистериозен начин.

До 2010 година кратерот со непроценлива археолошка вредност бил изложен во музеј во Хјустон, а од 2011 година формално е дел од хеленската и романската поставката позајмена од приватната колекција на семејството Шелби – Вајт на Метрополитен музејот во Њујорк. Се претпоставува дека археолошкиот предмет во колекцијата дошол откако пред неколку години бил купен на црниот пазар.

Според експерти што ги консултираше НОВА, вредноста на Кратерот од Корешница е исклучително голема и би можела да достигне цена од 500 милиони долари.

Археологот Василка Димитровска на својот блог http://arheo.com.mk пишува:

„Се претпоставува дека овој кратер, за кој постои мислење дека спаѓа помеѓу десетте најубави артефакти во светот, е ископан во средина на деведесеттите години и преку тајни канали изнесен од Македонија. Малку е чудно како се одвивала оваа операција ако се знае дека кратерот кој моментално се наоѓа во приватната колекција на семејството Шелби во САД, е висок околу 2 метра. Се тврди дека нема докази за тоа како бил ископан, нема документација, нема сведоци, па сепак најинтересната работа во овој случај е како на интернет се најдоа цртежи и пресеци од гробницата каде е откриен овој артефакт, со дузина други предмети кои потекнуваат од средината на V век п.н.е. Значи сепак сведоци имало, и тоа такви кои одлично си ја познавале работата која ја завршиле.

Се оди дотаму што дури авторот на блогот Looting Matters кој со години пишува за овој кратер, тврди дека тој дозволата да ги објави овие цртежи ги добил токму од оној кој ги создал.

Во коментарите се посочуваат и линкови на другите предмети од Корешница кои биле во 2008 година на аукција во Кристи, во исто време додека ние се лупавме во гради со години дека ќе ги вратиме дома по легален пат.“

Во потрагата по Кратерот, освен по официјален пат и приватно се вклучил Паско Кузман, до неодамна директор на Управата за заштита на културното богатство, тој на форумот Looting Matters, во октомври 2010 година напишал:

Pasko Kuzman said…

Dear phrygian,

I would very much appreciate if you could contact me on my private e-mail, provided to the moderator.
I would also like to thank Dr. Gill, for keeping the subject on Koreshnica krater alive.
best,

Pasko Kuzman,

director of Cultural Heritage Office, Ministry of Culture of the Republic of Macedonia
October 16, 2010 at 10:21 PM

Македонските власти веќе неколку години тврдат дека прават обиди да го вратат кратерот од Корешница, кој датира од 6 в. пр. н.е., за кој се претпоставува дека е нелегално изнесен и продаден во САД.

Кратерот бил ископан од кнежевска гробница во близина на Демир Капија, со димензии 4 х 5 метри, богата со предмети слични на погребната опрема од требенишките гробници во Охрид. Сите предмети, заедно со кратерот, биле диво ископани, според сознанијата, во 1996 година, а изнесени од Македонија во 2002. или во 2003. година.

Според информациите што ги имаат македонските власти, овие предмети преку српска дилерска врска, на аукциска куќа во Лондон и ги понудила швајцарска фантомска фирма. На аукцијата во Лондон кратерот го купува брачната двојка Шелби. По смртта на сопругот, жената го изложува на аукција во Хјустон, но тој не може да се продаде, бидејќи не е заведен во каталог и не му е наведено потеклото.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.