Кју (Q) – креативецот на малите, детални направи кои од секаква опасна или предизвикувачка ситуација го извадиле специјалниот агент Џејмс Бонд во филмовите, всушност е девојка.

Ова го откри шефот на британската разузнавачка служба МИ6, Алекс Јангер или познат како Си (C), на церемонија во Лондон вчеравечер, притоа апелирајќи до жените да се приклучат во разузнавачката агенција.

– Вистинската Кју ве очекува во службата и драго ми е да објавам дека таа е жена. Многу е важно да го искористиме целосниот спектар на таленти кои ги има во нашата земја, порача Јангер.

Неговиот говор доаѓа откако на почетокот на јануари, властите поканија девојки на возраст од 13 до 15 години да се натпреваруваат на онлајн натпревари како дел од регрутирањето во службите.

Целта, како што соопштија британските власти е да ги охрабрат жените да се обидат да изградат кариера во сајбер-безбедноста.

Овие напори Британците ги прават бидејќи според последните извештаи, само 37 отсто од вработените во разузнавачките агенции се жени.

– Мораме да гледаме низ Бонд призмата. Некогаш е супер што нашите противници мислат дека позади секоја направа стои направа на МИ6. Но тоа води кон стереотипи. Не е важен полот, туку карактерот, креативноста и одлучноста, порачува Си.

Изминатава година, креаторите на филмовите „Џејмс Бонд“ во кои агентот 007 секогаш бил маж, покренаа дебата за ликот да го заменат со агентка – девојка за рушење на стереотипите дека филмот не би бил успешен и ќе се загуби атрактивноста на 007.