Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на редовен утрински брифинг со новинарите го искоментира можниот влез на Финска во НАТО.
Песков рече дека финскиот влез во НАТО е „дефинитивно“ закана за Русија. Тој рече дека Финска се приклучила кон непријателските чекори кон Русија преземени од ЕУ, за што со жалење најави дека тоа може да биде и „причина за симетричен одговор“.
Портпаролот на Кремљ рече дека сите сакаат да избегнат директен судир меѓу Русија и НАТО и дека проширувањето на НАТО нема да го направи светот или Европа постабилен. Песков рече дека нападите врз руските региони кои граничат со Украина значат дека се потребни дополнителни мерки за да се обезбеди безбедноста на тие региони.