Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Криминал како на филм – со мачета изнудувале пари за плаќање на лихварски долг

0
By Соња Крамарска on May 30, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Скопското обвинителство побара истражна постапка против две лица за вршење изнуда. Тие со сила и со закана со мачета присилиле граѓанин да им даде 360.000 денари. Граѓанинот во 2021 година, од нив позајмил 55.000 денари, кои според устен договор требало да ги враќа со камата од 28.000 денари за секои 20 дена и за секој дополнителен ден доцнење уште по 1.000 денари. Врз основа на овој договор, во периодот од јануари 2022 до 09.05.2022 година, тој на лихварите им исплаќал парични износи од 120.000, 180.000 и 60.000 денари. Во целиот тој период осомничените, инаку вработени во агенција за обезбедување, телефонски му се заканувале дека ќе го убијат ако не ги врати парите. Во неколку наврати доаѓале и во неговиот дом, заканувајќи му се нему и на неговиот татко.

На 25 мај го повикале „должникот“ пред маркет на улицата „Македонско-косовска бригада“ и го однеле во мала уличка, при што го удирале, барајќи им веднаш да им ги врати парите. На 26 мај, пак, го повикале во катна гаража во Карпош, каде што работеле како обезбедување, па му побарале да им даде уште 300.000 денари. Кога тој кажал дека нема веќе пари, еден од осомничените извадил мачета, заканувајќи му се дека ќе му ги исече прстите и ќе го убие ако до крајот на денот не ги исплати парите. Го ставиле оштетениот во автомобил и заедно со него се упатиле кон Чаир, но биле пресретнати од полициски службеници.

Надлежниот јавен обвинител оцени дека постои опасност осомничените да побегнат или да влијаат врз сведоците и врз оштетениот или да го повторат делото, па побарал притвор. ​​

изнуда Јавно обвинителство криминал мачета
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

ВЕСТИ October 6, 2025

Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас…

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.