Меѓу „матните настани“ секако е и случајот со водата во Гостивар, каде што беше прогласена епидемија, илјадници граѓани завршија во болница со стомачни тегоби, а беше утврдено дека гостиварски „Комуналец“, со пумпи поврзани меѓу канализацијата и водоводната мрежа, во обид да го зголеми притисокот, ја загадил питката вода со фекалии.
Извештајот на Европската комисија за владеење на
правото, кој укажува на реформи на хартија и застој во пракса, а во кој од Брисел директно беа нотирани лични напади врз судии и обвинители од страна на претставници на власта, закани за „чистење“ на судството и обвинувања за корупција, е на врвот на „матните настани“ за јули во најновиот
– ЕК заклучува дека судството и обвинителството продолжуваат да функционираат со буџет под половина од законски пропишаниот минимум, само 0,28 отсто од БДП наспроти пропишаните 0,8 отсто. Уште позагрижувачко, идната генерација судии едноставно не постои: Академијата за судии и обвинители го откажа приемот на 130 нови кандидати поради недостиг на средства, што значи дека земjaта нема да добие ниту еден нов судија или обвинител пред 2028 година.
Сликата во борбата против корупцијата е слична. Спроведувањето на антикорупциската стратегија останува ниско, само 23 отсто од планираните активности за 2025 година биле целосно спроведени. Изменетиот Кривичен законик, донесен како привремено решение по проблематичните измени од 2023 година, ЕК го оценува како недоволен, со намалени казни за потешки форми на злоупотреба на службена положба, што директно го скратува рокот на застареност и остава помалку време за истрага на комплексни случаи на корупција.
Резултатот е она што извештajот го нарекува чувство на неказнивост: високопрофилни случаи ретко завршуваат со правосилни пресуди – се вели во месечниот извештај.
И покрај ваквите наоди, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ќе продолжи со критиките и дека нема да има зголемување на буџетот за правосудството.
Меѓу „матните настани“ секако е и случајот со водата во Гостивар, каде што беше прогласена епидемија, илјадници граѓани завршија во болница со стомачни тегоби, а беше утврдено дека гостиварски „Комуналец“, со пумпи поврзани меѓу канализацијата и водоводната мрежа, во обид да го зголеми притисокот, ја загадил питката вода со фекалии.
-Начинот на кој институциите постапувале, односно евентуално не постапувале, отвора сериозни прашања за институционалната одговорност и за тоа дали биле исполнети законските обврски за заштита на здравјето на граѓаните, што треба да биде предмет на темелна и независна истрага“, се наведува во соопштението на групата невладини организации.
Според Блупринт групата, особено сериозни прашања се отвораат и во однос на функционирање на системот за контрола на квалитетот на водата за пиење. Загадувањето на водата во градскиот водовод во Гостивар не е самоизолиран инцидент, туку сериозен индикатор за можни системски слабости – оценија од Блупринт-групата за реформи во правосудството, а нивната оценка е пренесена во месечниот извештај.
Потоа следуваат ослободителните пресуди за случаите „Талир 2“, случај во кој беше обвинет поранешниот премиер Никола Груевски, но и замрзната Белата палата и другите партиски седишта на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и за случајот „Тотал“, во кој беше ослободен новинарот Драган Павловиќ – Латас.
-Само по себе, едно застарување не мора да значи системски проблем. Но кога низ годините повеќе предмети од висок јавен интерес завршуваат без правосилна судска разрешница поради истек на роковите, неизбежно се поставува прашањето дали станува збор за повторувачки институционален образец. Затоа денес повеќе не е клучното прашање дали некој е виновен или невин. Прашањето е дали државата успева навреме да ја утврди евентуалната кривична одговорност- пишува во извештајот.
Потоа следува отежнатиот пристап до информации од јавен карактер, откако сега се бара електронски потпис за жалба. Последен меѓу матните настани е незаконското назначување на вршители на должност на претседатели на судови.
-Коалицијата „Сите за правично судење“ реагираше за начинот на кој Судскиот совет, на седница определи вршители на должноста претседател на Апелациониот суд Скопје и на Основниот суд Струга. Во реакцијата се наведува оти Советот директно ги прекршил одредбите од членот 89 од Законот за судовите, кои наложуваат дека за в.д. претседател мора да се избере судијата кој е оценет со највисока позитивна оцена и има добиено најголем број бодови, а дополнително, на Судскиот совет му се забележува дека овој објективен критериум не предвидува слободен избор меѓу позитивно оценетите судии, ниту воведување субјективни мерила како менаџерско искуство или лична процена – се вели во извештајот.
Меѓу бистрите настани е обвинението за директорот на Инспекторатот за земјоделие кој барал 100 илјади евра за увоз на вештачко ѓубриво, апсењето на двајцата стоматолози за корупција, едниот претседател на комора, а другиот претседател на испитна комисија. Тие всушност примиле мито од осомничена во случајот „Ботокс“.
Во бистрите настани се најде и апсењето на службеник на Агенцијата за вработување во Прилеп кој примил поткуп за да не укине социјална помош, како истрагата за доцентката од штипскиот Универзитет, која му барала мито на студент.
Текстот е сопственост на Слободен печат.мк




