Кривична пријава за изработка и употреба на лажба платежна картичка, против 37 годишниот бугарски државјанин К.З.З. поднел Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР.
Како што информираат од МВР, осомничениот, „со намера да прибави противправна имотна корист“, во текот на овој месец „прибавил банкарски податоци од вистински платежни картички и со нив извршил повеќе успешни нелегални трансакции во хотел во Скопје“.
Бугарскиот државјанин бил приведен на 12 јануари и однесен во полициската станица Центар, каде тврдел дека не знаел ништо за плаќањето и дека немал никаква поврзаност со фалсификувани платежни картички, а престојот во хотелот наводно му бил платен од фирмата за која работел во Австралија.