Скопската полиција попладнево го приведе Р.Б. со живеалиште во село во охридско, поради постоење на сомневање дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“. Приведениот, по телефон упатувал закани кон странски амбасадор.
„Постапувајќи по пријава од 14 април 2022 година, според која едно лице телефонски упатило закани по животот на амбасадор во странска амбасада во земјава, беа преземени мерки и активности од страна на полициски службеници, при што е утврден идентитетот на лицето, тоа е најдено и приведено“, соопшти денеска МВР.
Оттаму информираат дека во координација со јавен обвинител од ОЈО Скопје, денеска за ова лице е поднесена кривична пријава за кривично дело по член 144 став 3 од Кривичниот законик. (МИА)