Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривични пријави против четворица скопјани, меѓу кои и за полицаец, за сторени 30 кривични дела

0
By НОВА ТВ Balaban on June 9, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 9, 2022 15:26

Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Ѓорче Петров, поднесе кривична пријава против четворица скопјани осомничени за сторени 30 кривични дела за да прибават за себе противправна имотна корист, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Кривичната пријава против Г.Т. (39), Н.К. (25), Ф.Ф. (30) и Н.Н. (41), сите од Скопје, е поднесена на 7 јуни 2022.

– Од нив, 11 кривични дела „фалсификување на исправа“, предвидено и казниво по чл. 378, две кривични дела „прикривање“, по чл. 261 став 3, едно кривично дело „несовесно работење во службата“, по чл.353-в, шест кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл. 353, шест кривични дела „помагање“, по чл. 24, четири кривични дела „поттикнување“ по чл. 23 во врска со „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353, сите според Кривичниот законик со што се стекнале со вкупна имотна корист од 13.179.464 денари, стои во соопштението од МВР.

Оттаму образложуваат дека првопријавениот Г.Т. во декември 2020 година набавил возило „бмв“, со сообраќајна дозвола од ЕУ, која ја приложил во станица за технички преглед во Скопје и по извршениот технички преглед ги поднел на обработка документите на шалтер во МВР, по што станал сопственик на возилото, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 2.519.440 денари. Во март 2021, набавил уште едно возило „бмв“ и возило „мерцедес“ од земја на ЕУ, каде по извршениот технички преглед и обработка на податоци третопријавениот, вработен како референт во Сектор за управно надзорни работи, ги внел во информатичкиот систем на МВР, по што првопријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 41.781.472 денари, односно 2.861.320 денари. Во јули 2020, Г.Т. набавил и „рено“ од земја на ЕУ, а третопријавениот податоците од возилото по извршен технички преглед ги внел во информатичкиот систем на МВР и без да има осигурителна полиса, која дополнително е вметната, му овозможил на Г.Т. да стане сопственик и да се стекне со противправна имотна корист од 709.632 денари. Во август 2020, првопријавениот набавил возило „фиат“ од земја на ЕУ, а во мај 2021 набавил „тојота“ од странство, а третопријавениот ги обработил документите и ги внел во информатичкиот систем на МВР, овозможувајќи му да стане сопственик на возилата и да се стекне со противправна имотна корист од 967.120 денари, односно 1.550 денари.

Второпријавениот Н.К. во мај набавил „порше кајен“ од земја од ЕУ, каде по извршениот технички преглед ги поднел документите на шалтер во МВР и вработениот му овозможил да стане сопственик на возилото и да се стекне со противправна имотна корист од 2.852 денари, а четвртопријавениот Н.Н. по извршени проверки преку МВР констатирано е дека повеќе пати управувал возила со непостоечка, односно фалсификувана исправа.

– Од страна на полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров извршен е претрес кај горенаведените лица во дом и други простории каде се пронајдена и одземена документација која што е сопственост на МВР – Одделение за управни работи Скопје, во која биле пронајдени и одземени седум оригинални досиеа за возила кои беа под сомнение за извршените кривични дела, се наведува во соопштението.

Дополнуваат дека од страна на Судија на претходна постапка за Н.К. и Ф.Ф. е одредена мерка притвор, за Г.Т. е распишана централна потерница, додека за Н.Н. во тек е постапка за дополнителна истрага.

Кривични дела четворица скопјани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.