Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Криза во Боливија: Претседателот Моралес поднесе оставка по апелот од војската

0
By Нова ТВ on November 11, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 11, 2019 08:20

Боливискиот претседател Ево Моралес синоќа на прес конференција соопшти дека поднесува оставка за „доброто на земјата“ , откако командантот на вооружените сили тоа го побара од него.

Моралес, кој е на власт 14 години, повика на итни разговори со опозицијата поради повеќенеделните немири кои ја потресуваат оваа земја.

Оставката доаѓа откако командантот на боливиските вооружени сили Вилијамс Калиман апелираше до Моралес да ја напушти функцијата за да се обезбеди мир во земјата.

Вооружените сили на Боливија претходно синоќа соопштија дека наредиле воздушни и копнени операции за „неутрализација“ на вооружените групи кои делуваат надвор од законот.

Исто така, вчера Организацијата на американски држави (ОАС) соопшти дека со ревизија е утврдено дека имало неправилности на изборите одржани на 20 окотмври, на кои Моралес го освои четвртиот мандат, пренесоа британските медиуми.

Моралес најави дека ќе распише нови избори, бидејќи по неговата победа земјата западнала во криза.

-Одлучив да ги заменам сите членови на Централната изборна комисија, рече Моралес во интервју на телевизијата.

Тој наведе дека ќе распише нови избори за „боливискиот народ на демократски начин да ја избере новата власт“, пренесе Бета.

Претходно тој вчера ја повика опозицијата на итни преговори.

-За да го сочуваме мирот во нашата земја итно на преговори ги повикувам претставниците на партииите кои освоија места на изборите, напиша Моралес на Твитер.

Тој ги повика и активистите за човекови права, како и меѓународните организации, да се придружат во незадоволството против, како што кажа „антидемократските групи кои го почнаа државниот удар во Боливија“, пренесе Танјуг.

Неколку полициски единици во најмалку четири региони од земјата започнаа бунт против владата во екот на протестите поради обвинувањата за измама на изборите од 20 октомври, на кои Моралес убедливо победи уште во првиот круг од гласањето.

Боливиската изборна комиисја ги отфрли тврдењата дека се откриени неправилности во пребројувањето на гласовите на изборите, но демонстрантите и натаму инсистираат на нови избори.

Во немирите досега се убиени седум лица, а повеќе од 300 се повредени.

Венецуела, Мексико и Перу сметаат дека во Боливија се случил пуч

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро и шефот на мексиканската дипломатија Марсело Ебрард го осудија, како што го нарекоа пучот против боливискиот претседател Ево Моралес.

-Категорички го осудуваме пучот против нашиот братски претседател, напиша Мадуро на Твитер, пренесен од британските медиуми. Мадуро, чиј претходник Уго Чавез повремено беше ментор на Моралес, ги повика сојузниците ширум светот да се мобилизираат, за да се заштити првиот боливиски претседател од редовите на автохтоните народи.

И мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард изјави дека неговата земја не ја прифаќа воената операција што се случи во Боливија.

-Не го прифаќаме тоа, тоа е слично на трагедиите кои ја закрвавија нашата Јужна Америка во минатиот век. Мексико ќе остане при својот став да се почитуваат демократијата и институциите, напиша Ебрард на Твитер, пренесоа британските медиуми.

На веста за оставката на Моралес реагираше и Перу, чија влада повика на „обнова на мирната состојба во Боливија“

Во краткото соопштение Владата во Перу повика на транспарентни избори со помош на Организацијата на американски држави.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.