Претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ ги критикуваше политичките партии поради тоа шот, и по повеќе од еден месец од парламентарните избори, се уште не е формирана Влада.
– Се помалку има време и нема да дозволам одолговлекувањето да предизвика несогледливи последици за безбендоста на државата, изјава Грабар Китарович, во вчерашнито трет круг партиски консултации, каде повторно ниту една од партиите не обезбедила мнозинство, доволно за формирање влада.
Актуелниот премиер и лидер на колицијата „Хрватска на растот“, Зуран Милановиќ изјави дека консултациите с есведени на банални прашања од типот, кој ќе биде премиер или министер, додавајќи дека неговата партија СДП нема да соработува со “фашисти и расисти“ од коалицијата на ХДЗ.
Лидерот на ХДЗ, Томислав Карамарко пак, рече дека по консултациите, коалицијата што ја предводи “Татковинска коалиција“ има доволно потписи, и дека заедно со партијата Мост ќе имаат и повеќе од потребното за формирање влада следните денови. Тој одби да ги коментира изјавите на Милановиќ за коалицијата, додавајќи дека се работи за “бивш премиер“.
Парламентарните избори во Хрватска се одржаа на 8 ноември, до се уште ниту една од двете ривалски коалиции, што ги предводат двете најголеми партии СДП и ХДЗ не успеа да обезбеди мнозинство за формирање влада.
Како клучна се смета Мост – независната листа, која на изборите освои 19 мандати, по што четворица по формирањето на Парламентот ја напуштија.




