Kризата во Каталонија предизвикана од иницијативата за независност, ја чинело државата една милијарда евра и локалната економија се уште ги чувствува последиците, изјави денеска шпанскиот министер за економија, Луис де Гуиндос.
Според Де Гуиндос, успорувањето на економскиот пораст во Каталонија влијае на вкупната шпанска економија, која е четврта по големина во еврозоната.
„Каталонија имаше пораст повисок од шпанскиот и беше еден од двигателите на шпанската економија. Но, во четвртиот квартал таа е товар на државата“, изјавил Де Гуиндос.
Тој проценил дека кризата може да чини една милијарда евра.
Шпанија се најде во длабока политичка криза, кога регионалниот парламент на Каталонија прогласи независност во октомври, по референдумот кој Владата на Шпанија го прогласи за незаконски.




