Published: Sunday, June 21, 2026 17:45
Велосипедистката на ВК „Енерџи“ од Скопје, пиојанистката д-р Дуња Иванова, по бројните меѓународни успеси, подиуми и пласмани на Маратоните со предзнакот на УЦИ во Европа и која се искачи на 56- то место на Светската МТБ Маратон ранг листа, денеска, на маратонската вело патека на падините над Крушево, ја потврди доминацијата во македонскиот велосипедски маратомн за жени убедливо освојувајќи го првото место и златниот медал.
По денешната трка Дуња Иванова се здоби и со нови бодови на светската ранг листа за женски велосипедски маратон.




