Published: Sunday, April 16, 2017 12:19
Најмалку 20 луѓе се уапсени по тепачката мешу поддржувачи и противници на Доналд Трамп во Калифорнија.
Полицијата употребила солзавец за да воспостави ред откако 1.000 луѓе во два спротивставени табори се собрале во паркот Беркли.
Локалните медиуми јавија дека 11-мина се повредени.
Новинар на Ројтерс присутен на настанот, сцената на физичка пресметка ја опишува како луѓе до крвави носеви и лица.
Неколку стотици противници на Трамп одржаа контрапротест на веќе закажаниот собир на поддржувачи на Трамп наречен „Ден на патриотизмот“.
Меѓу противниците на Трамп имаше и такви облечени во црна облека и со маски.
Другиот табор, кои себе си се опишуваат како „патриоти“ и „националисти“, се поддржувачи на Трамп и заговарачи за слобода на говор.





