Заложничката драма во австралискиот град Сиднеј, каде вооружено лице држеше во заложништво неодреден број луѓе во еден кафе ресторан во австралискиот град Сиднеј, заврши крваво- двајца го изгубија животот, а тројца заложници се борат за живот, откако специјалците упаднаа во кафе барот, и дојде до жестоки пукања.
Повредените се изнесени на болнички носилки од кафе барот. Сведоците наведуваат дека при упадот на плицијата се слушнале викотници: „Заложници, лежете долу“, а притоа е отворена вратата.
-Операцијата е завршена – рекол портпаролот на полицијата, но не наведува никакви детали, пренесува Асошиејтед прес.
Полицијата упаднала во кафе барот „Линт“ непосредно бидејќи пет или шест заложници успеале да избегаат.
Полицајците успеале да влезат во кафе барот, во кои според некои медиуми се наоѓале помеѓу 15 и 30 заложници.
Сиднејскиот центар денеска беше евакуиран, а повеќе стотина полицајци го опкружиле кафе-барот на продавницата за чоколада „Линт“, во кој престрашени заложници на прозорот држеле црно знаме со бели арапски букви, пренесуваат светски медиуми.
Вооружениот маж кој утрово ги држел како заложници вработените и посетителите на еден кафе бар во Сиднеј, е идентификуван како ирански бегалец Ман Харон Монис.




