Најмалку седум луѓе се убиени , стотици се повредени за време на судирите помеѓу анти-владините протестанти и лојалните припадници на претседателот Мохамед Морси, во неколку египетски градови, според јавувањата на официјалните иннформации на тамошните медиумски куќи. Овие судири се точно на втората годишнина од египетската револуција, кога беше од власт беше отстранет египетскиот претседател Хосни Мубарак. Се уште не е јасно на чија група припаѓаат убиените, ниту пак кој е одговорен за убиствата.